ЛЕКАРИТЕ КОНТРА НАОДИТЕ НА СУДСКА МЕДИЦИНА: Не биле пијани додека ја породувале починатата родилка од Гевгелија
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016
Не се чуствуваат виновни и не биле под дејство на алкохол. Вака обвинетите тројца лекари од гевгелиската болница одговорија на прашањето на судот дали се чуствуваат винови за случајот во кој се товарат за „Тешки дела против здравјето на луѓето“.
Ванчев, Чалков и Москов, на денешното судење во Основниот суд во Велес пред судечкиот совет рекоа дека го разбрале обвинението и дека не се чувствуваат виновни.
Сопругот на починатата родилка Маја Кадиева, Мите Кадиев очекувам процесот и брзо да заврши. Тој рече дека е задоволен што конечно почнало судењето во кое бара одговорност од лекарите кои направија голема грешка и покрај Хипократовата заклетва.
Кадиев за фактор рече дека фактите се непобитни и очекувам дека судот професионално ќе си ја заврши работата и ќе донесе правилна пресуда базирана на наодите од Судска медицина.
Речиси по една година денеска кочечно започнува овој процес, во кој денеска имаше тројца сведоци.
Искази дадоа двајца лекари од гевгелиската болница кои критичната ноќ лани, на 22 октомври биле повикани да помогнат во реанимацијата на родилката, а сведок беше и сопругот на Кадиева .
Следното рочиште е закажано за во декември.
Маја Кадиева и нејзиното бебе починаа ноќта меѓу 22 и 23 октомври минатата година во болницата во Гевгелија, при нестручно изведено породување, а истражните органи докажаа дека анестезиолозите биле пијани за време на царскиот рез. Смртта на Кадиева настанала поради комплетен прекин на доводот на кислород и задушување, поради што се задушило и бебето во утробата на мајката, покажа извештајот од судските вештаци. Институтот за судска медицина по извршената обдукција утврди дека детето живеело десет минути по породувањето и имало развиено органи за живот, а умрело како последица на недостатокот на кислородот додека било во утробата на мајката и влез на јаглерод диоксид во белите дробови на бебето. Маја Кадиева подолго време била оставена без кислород, била погрешно интубирана неколкупати, односно лекарите анестезиолози повеќепати неуспешно и спуштале црево во дишните органи. „Со овие дејствија обвинетите иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, се согласиле со истата и воопшто несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето“, пишува во обвинението донесено на 3 мај годинава. Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажала 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози. Кадиев во текот на истрагата изјави дека според него смртта на сопругата и бебето е убиство и ќе бара правда. „Јас реков ова е убиство дали ќе биде така незнам но, јас ќе го кажам така затоа што мојата жена беше здрава и жива а моето новородено беше нагласувам живо и здраво иако мене ми кажуваат дека било мртво родено. Мора да се утврди од Судска медицина, да ја завршат работата брзо и професионално, како што досега работеа. Сите што се виновни, а и тие што најмалку се виновни, да бидат казнети за да видат што прават со среќата на луѓето,“ изјави Кадиев во Обвинителството за време на истрагата.