Лекарите на протест - бараат поголема почит од пациентите
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2016
Лекарите од Општата градска болница „8 Септември“ денеска еден час протестира пред болницата, поради настанот кој се случи во петокот кога роднини и пријатели на маж кој почина од срцев удар кршеа во болницата.
Околу двесте лекари денеска на пауза протестираа, а протестот го поддржа и директорот на болницата Сашо Стојчев. Тие бараат да се почитува белиот мантил.
„Не може секој да им се заканува на лекарите и да ги навредува. Ова станува неиздржливо, од ден на ден е се полошо“ - рече Стојчев.
Деновиве околу 30 луѓе го кршеа влезот на Градската општа болница „8 септември“ во Скопје, откако од болницата им кажале дека нивниот роднина починал. Човекот бил на 40 годишна возраст и во болницата му вршеле реанимација која траела 40 минути. Насилниците го земале починатиот за да не му прават обдукција и си заминале.
Ова не е прв ваков случај во земјава. Претходно синови на жена која починала пукаа во лекар на скопските клиники, а напад на лекар имаше скоро и во Тетово.