Лекарски егзодус: Шпанија ми го даде тоа, што во Македонија можев само да го сонувам!
Објавено во: Анализа 19 Февруари, 2014 08:21
Со оглед дека мојата сопруга е по потекло од Шпанија се решивме да заминеме таму, бидејќи постои можост да работам и паралелно да специјализирам, опција која ја нема во македонското здравство. Двата услова за да работам во Шпанија, беа тест за шпански јазик, и тест за медицинско знаење (MIR), критериуми кои се исти за сите без разлика на националноста. Од 13 илјади пријавени јас бев 4500 – ти, со што добив бесплатна државна специјализација по мој избор, а со тоа и вработување во времетраењето на истата.
Фактор Што мислите за повикот на министерот Тодоров лекарите од странство да се вратат во Македонија?
Анастасовски Судејќи по моето лично искуство и искуствата на моите колеги од Македонија можам да кажам дека барем од материјален аспект, реалноста е сосема различна од изјавата на министерот.
Во државното здравство просечна месечна плата на лекар специјалист во Шпанија е четири – пет пати повисока од истиот специјалист во Македонија, и изнесува од 2000 до 2500 евра месечно. Дежурствата се исто така добро платени, по 400 евра просек за работен ден, додека животните трошоци пропорционално не се толку повисоки.
Фактор Имате ли контакти со колегите од Македонија, на што се жалат најмногу?
Анастасовски Контактирам често со колегите, основните поплаки се однесуваат на неможноста да се вработат и севкупната материјална состојба, која за жал не дозволува на многумина да се осамостојат барем до средината на третата декада од својот живот. Има и други поплаки, но би кажал дека главните проблеми се материјални.
Фактор Има ли интерес од колегите да заминат во странство, ве прашуваат ли вас за тоа?
Анастасовски Да има голем интерес за заминување во Западна Европа, но прашање е колку од тие што сакаат ќе успеат во намерата.
Фактор Кога би можеле да издвоите, што би посочиле како главни проблеми во македонското здравство?
Анастасовски Со оглед на тоа дека јас немам големо работно искуство во Македонија, не можам да дадам баш прецизен одговор, но секако егзестенцијалните проблеми на лекарите би биле една од главните точки. Исто така за да се запре одливот на лекари јас би препорачал, зголемување на бројот на државните вработувања според објективни критериуми, зголемување на можноста за добивање на бесплатни државни специјализации, зголемено вреднување на лекарскиот труд и зголемена заштита на лекарскиот интегритет.
С.Р.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





