Les Echos: Грција останува една од најскапите туристички дестинации
Објавено во: Балкан 02 Септември, 2015 08:42
И покрај кризата Грција останува една од најскапите туристички дестинации во екот на сезоната, соопштува весникот „Les Echos“.
Според сајтот „HomeToGo.fr“ кој ги споредува понудите за сместување во туристичките места, земјите од Јужна Европа остануваат поскапи од источните соседи.
Врз основа на речиси 1 милион понуди од 26 европски држави сајтот ја проценува Грција како најскапа за летен одмор. За една недела на 4-члена фамилија им требаат 910 евра за сместување, покажуваат податоците.
Специјалистите објаснуваат дека високите цени не се изненадување, бидејќи Грција отсекогаш била скапа дестинација во екот на туристичката сезона. Ова се должи и на видот на понудените за сместување, кои се претежно луксузни вили. Експертите нагласуваат дека понудите за мали станови во Грција се малубројни.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




