ЛЕШНИК БИЗНИС: Цената порасна, производителите тријат раце!
Објавено во: Агробизнис 01 Јуни, 2015 08:42
-Деновиве ги очекувам да пристигнат италијанските агрономи со кои ќе одиме во обиколка низ Македонија за да видиме како напредуваат садниците и да ги советуваме нашите клиенти совети како да правилно да ги одгледуваат своите насади, а и воедно да ја комплетираме цената на годинешниот саден материјал. Мојот насад од 2 хектари кој е во 3 -та година е во одлична кондиција, во рана пролет беше агрономот од Италија кој ме советуваше како правилно да ги окроиме дрвцата, бидејќи годинава им е главниот процес на кроење, и од година би требале да очекуваме околу 1 килограм по стебло. Инаку според италијанските агрономи 7- та година е најпрофитабилна, кога од 1 хектар има производство од 2 тона, што е доказ за профитабилноста на бизнисот со лешници. Сакам да им порачам на сите идни земјоделци кое ќе се одлучат за овој бизнис дека имаме навистина стручен тим од агроном од Италија, што не прати од самото садење па се до берба. Од наредниве денови правам резервација на садници за годинешното садење за во есен, и кој е заинтересиран слободно може да ме контактира на телефонскиот број 075/240-925, вели Крстевски.
Математиката покажува дека инвестицијата би чинела 2.500 евра, но како што велат упатените во овој агробизнис, се враќа за две до три години. Еве колку пари и за што ви се потребни при подигањето на насадите со лешници:
600 садници = 1.800 евра
За риголовање =350 евра
За ископување на дупки =200 евра
Прегорено ѓубре =50 евра
Работници =100 евра
Во Италија, земјата на чоколадниот крем Нутела, се засадени огромни површини под ова јаткасто овошје. Поради големата побарувачка постои недостаток од лешник и увезуваат од Чиле, Аргентина и други подалечни земји, за што пак имаат огромни трошоци. Затоа и Македонија, Италијанците ја сметаат за поатрактивна, бидејќи пресметале дека ако од кај нас го откупуваат лешникот, ќе имаат помали транспортни трошоци, што пак им оди во прилог на сите заинтересирани земјоделци од Македонија кои сакаат да отпочнат сопствен семеен агробизнис.
Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





