Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра
Објавено во: Економија 19 Август, 2025 12:56
Коалицискиот партнер на ДПМНЕ, Биљал Касами, којшто овозможи рушење на фабриката „Тетово Табак“, целиот нејзин имот го продал за сума од околу 7 илјади евра (457.450 денари), за подоцна, во соработка со Советот да изврши негова пренамена и овозможи истиот овој имот преку ноќ добие вредност од 5 МИЛИОНИ ЕВРА, се наведува во соопштенеито од Левица.
„Купопродажниот договорот криен од јавноста, бил склучен на 20.10. 2022 година, за две години подоцна Советот на Општина Тетово да донесе измени на ГУП и ДУП за Блок 31 со кои е направена пренамена од класа „Г“ - индустриски објекти во класа „А“ - домување. Со оваа одлука е зголемена вредноста на имотот, па така, имотот којшто Општина Тетово го продала за 7.000 евра, АД „Тетово Табак“ застапувано од ликвидаторите Боже Грозданоски, Никола Корубин и Драган Влаховиќ го продале (заедно со купеното државно земјиште) на „ЕЛАСТАН ДООЕЛ“ за 5.005.000 евра“, стои во соопштението на Левица.
Оттаму посочуваат дека Советот на Општина Тетово иако имал можност ова земјиште да го пренамени во насока на јавниот интерес, овозможил зелена површина или јавен објект за потребите на граѓаните, тоа не се случи и на истото место ќе никнат згради со околу 2000 станови.
„Со ова ремек дело на урбанистичката мафија, и во овој мафијашки процес, коалицискиот партнер на ДПМНЕ, Биљал Касами, општината и граѓаните ги ограбиле за околу 5 милиони евра. Левица бара итна ревизија и поништување на продажбата, кривична одговорност за сите инволвирани и законска забрана за промена на намена на државно земјиште по продажба. Ова е симбол на тоа како партиите на власт ги третираат државата и јавното добро - како плен за своите соработници“, велат од Левица.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





