05 Декември, 2025
0.1483

Левица: Дали „универзитетот" на Мерко е легализирана дивоградба со намена семејна куќа?

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2025 10:49

Добивај вести на Viber

Додека надлежните министерства молчат дали приватната градинка на Рамиз Мерко има дозвола, од политичката партија Левица со нова објава посочуваат на сомнежи за работењето на неговиот контроверзен универзитет.

- Станува збор за објектите во кој е сместен Меѓународниот универзитет Струга, формално во сопственост на блискиот соработник на Рамиз Мерко, Армен Кадриу. 

Сомнежите се дека овие бесправно изградени објекти биле легализирани со Решение за легализација во 2012 година (иако факултетот постои од 2009 г.). 

Скандалозното е што објектите во кои е сместен универзитетот се легализирани како семејни куќи (А1), наместо како објекти со намена-образование. 

Со други зборови, контроверзниот факултет на градоначалникот во заминување урбанистички е заведен како семејна куќа! Со ваквата легализација, Мерко ја оштетил општина Струга (каде тогаш бил власт) со неплатени комуналии од дури 90.000 евра - потенцираат од партијата во соопштение испратено до медиумите.

Потоа прашуваат - зошто министерката Весна Јаневска молчи после спроведениот инспекциски надзор во овој универзитет?! Дали всушност се работи за предизборни договори и пазарења помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Рамиз Мерко?

- Левица ги повикува надлежните институции да ги испитаат сомнежите дали овој универзитет впрочем е легализирана дивоградба како „семејна куќа"?! Дали оваа образовна установа има одобрен ПП елаборат, одобрена техничка документација и дали постои одобрен проект за образование со потребните елаборати и согласности?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повеќе од една година се централна власт и токму тие се најповикани да стават крај на незаконитостите на струшкиот универзитет. Наместо Мицкоски да шири празни флоскули дека расчистува со криминалот на ДУИ, време е неговите министри да преземат реални акции за откривање и санкционирање на бруталното безаконие, кое позади себе го остави токму Рамиз Мерко - нагласуваат од партијата на крајот од соопштението.

Фото: Архива/социјални мрежи

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија