Добивај вести на Viber
Од Левица велат дека условите за работа во некои дејности се опасни, а Македонија има најниска минимална плата во Европа.
Како работничка партија, Правото на работа
#Левица го третира како основно човеково право, затоа што преку истото, луѓето ја обезбедуваат својата егзистенција.
„За жал, работниците во Македонија важат за најнископлатени во Европа, а според тоа во какви услови работат работниците, нивната заштита на работното место претставува дополнителен и, можеби, и уште посериозен проблем. Во Македонија минатата година, животот на работното место го загубиле 15 работници, односно стапката на смртни случаи на работно место во Македонија изнесува 2,16 случаи на секои 100.000 вработени за 2023 година и енормно високи или 3.17 случаи - споредбено со претходната 2022 година. За споредба, просекот на смртни случаи на работно место во земјите од ЕУ изнесува 1,76 случаи на 100.000 работници“, велат од партијата.
Минатата година биле регистрирани вкупно 93 повреди при работа, што покажува параметар од 13,42 повреди на работно место на секои 100.000 вработени и енормно висока стапка од 21,21 повреди на работно место на секои 100.000 работници во 2022 година.
„Доколку на сето ова се додаде дека огромен број на несреќни случаи воопшто не се пријавени, оваа статистика е уште позагрижувачка и далеку под стандардите во ЕУ кон која стремиме. На сето ова доколу се додаде и новата статистика на Евростат, согласно која македонските работници добиваат најниска минимална плата во Европа, не е тешко да се заклучи дека рајот на богатите е направен врз пеколот на сиромашните. Конципирањето на новата Влада, предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ, Министерството за труд го подреди под Министерството за економија, со што веднаш се најави политика во интерес на капиталот, кој е ставен на прво место и кој ќе се гради и ќе напредува на грбот на работниците! Оттука, како единствен начин за заштита на правата и интересите на работниците го гледаме нивното политичко дејствување против олигархијата на власт! Затоа, Левица принципиелно ги поддржува барањата на синдикатите и работниците за зголемување на минималната плата! Не смееме да дозволиме богатење на една класа, за сметка на работата на друга. Бараме Владата да спроведе строга контрола на работата на Трудовиот инспекторат, кој е единствената брана што го заштитува работникот. Ги охрабруваме работниците да го пријавуваат секое незаконско постапување на работодавачите и инвеститорите кое ги нарушува нивните права! Особено, доколку тоа е поврзано со заштитата при работа на нив и нивното здравје“, додаваат од Левица.
Отворени се за соработка со синдикатите и артикулирање на проблемите во кои живеат работниците во Собранието и за со цел надминување на истите преку институционална борба на нашите пратеници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.