26 Јуни, 2024
0.0309

Левица: Плодна почва за судии и обвинители од „тефтерчиња" кои нема да гонат криминал и корупција на роднинско поврзани функционери

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Објавата на новите судии и обвинители само дополнително ја поткопа довербата во судскиот систем, велат од политичката партија „Левица“. Тие преку својот фејсбук профил посочуваат оти Судско-Обвинителската династија на СДС-ДУИ-ДПМНЕ го руши правосудниот систем. 

Најновата ранг-листа, објавена од Академијата за судии и јавни обвинители, на кандидати кои положиле и ќе бидат следните судии и обвинители, само дополнително ја поткопа довербата во судскиот систем. 

Најголем дел од кандидатите кои положиле се деца на актуелни политичари, како синот на Таљат Џафери - БАРЛЕТ ЏАФЕРИ, за кој се обзнани дека полагал Правосуден испит, иако не исполнувал услови и наместо да биде санкциониран, тој е награден. 

Понатаму, сопругата на сегашниот градоначалник на општина Аеродром од редовите на ДПМНЕ, Тимчо МУЦУНСКИ е една од кандидатите од оваа листа. Династијата Муцунски започнува уште со неговиот татко, Звонко Муцунски, кој е дипломат од кариера во МНР. Неговиот син, Тимчо Муцунски, во 2015 година незаконски беше избран за асистент-докторант на Правниот факултет "Јустинијан Први".

Тука е и сопругата на актуелниот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази - Албулена АБАЗИ, која е 51-ва на ранг листата. И таа, како и Барлет Џафери, ќе биде јавен обвинител.

Наместо воспоставување систем на професионализам и отстранување на непотизмот, кој 30 години како метастаза се шири и ја намалува довербата во судството, се бираат кандидати за судии и обвинители и се прават недопирливи династии. Од друга страна, се создава плодна почва за судии и обвинители од "тефтерчиња", кои нема да го гонат криминалот и корупцијата на роднинско поврзаните функционери.

Очигледно е дека политичката култура на  деградирање на владеењето на правото е заеднички креирана од СДС-ДУИ-ДПМНЕ, преку обезбедување гаранции за неказнивост на нивните криминали, кои секојдневно се трудат да ги скријат или застарат.



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра