14 Август, 2020
0.0622

Левица во Парламент, ама германската, не таа на Апасиев!

Објавено во: Колумни 06 Март, 2020

Цела  камарила се дигна на нозе, да го осуди скандализирачкиот ФБ статус на Бранко Тричковски „ Слушам, Мизрахи пак  јадела хумус од мртви Евреи“. Толку хистеризираност, драматичност, повик за  кривична  одговорност, обвинување за антисемитизам  не бевме виделе, како човекот да е најголемото зло, што и се случило на оваа земја. Вистина, статусот, воопшто не е пријатен  за читање/ гледање, но дали беше пријатен статусот на еден „ прогресивен лик “ , кој на  неговиот ОФ  мори  мајко „ урбан“ портал напишал: „ Апасиев му направи ОБЉУБА на немоќно лице на Петар Богојески“. Каде  е  сега,   таа  на дугме булумента да се згрози од оваа крајно гнасна метафора, злоупотребувајќи ги немоќните лица,  ставајќи ги во контекст на коментар за една ТВ дебата, па дури со потсмев иронизирајќи дека „ обљубата врз немоќните лица е најјака, бидејќи истите не може да се бранат“. Каде е сега таа хистеризирана багра, да застане на браникот на почитување на  човечките права, да го осуди и побара кривична одговорност за овој грозоморен статус? Не само што не побарала, туку статусот беше споделуван со восклик и радост, потврдувајќи ја неговата „ валидност“. Мизерници и лицемери. А што да се каже за ликот и делото, и настапот и ставовите на  Робин Худ  на батерии? 

Жална алтернатива на Курто и Мурто! 

Фронтменот на ѓомити „ првата, вистинска левичарска партија во Македонија “ , борејќи се против системот, клептократијата, султанството и автократијата во политичкиот систем во Македонија и во самите мејнстрим партии, како прав демократ, ги исфрли и ги маргинализираше ликовите кои со години ја градеа и создадоа оваа партија како Савовски, Демири, Јовановиќ,  го узурпираше печатот, за да ја концентрира и апсолутизира својата внатрепартиска моќ како прав почитувач на ликот и делото на Сталин. Што да се каже за човек, кој со својата наглост, арогантност , нападност, потсмев кон соговорниците, ниски и недолични навредливи „ удари под појас“, се претставува алтернативна на двете доминантни  слонови на нашата политичка сцена?! Кога го гледате него, добивате нагон и желба да гласате за ДУИ, како алтернатива на овие двете. И на крајот, што да се каже за човек, кој за неколку месеци, си инкасирал  десет пати по 500 евра, убаво и слатко хонорарче од веќе згаснатото Специјално Јавно обвинителство, за да го поткрепи семејниот буџет, или како што самиот си поентираше: „ па треба ли ја од нешто да живеам, да не ги наплаќам своите правни  услуги“? Наплаќај ги бе другар, ама претставувај се за адвокат/ правен застапник или советник , а не за политичар – борец за работничките права, бидејќи ако се претставуваш за таков стани општ работник, осети ја маката на македонскиот роб, т.н „ работник“, стани земјоделец, шијач, отвори тезга, продавај пипер и домат, па тогаш зборувај за „ правата на работниците“. Вака се е лицемерие, и злоупотреба на правата на работниците за своја лична корист. Борба за семејниот буџет, бидејќи нели „ од нешто мора да се живее“. 

Овој фронтмен, води хаштаг политичка кампања „ ЛевицаВоПарламент2020“. Ајде, да видиме дали оваа партија ќе стане парламентарна партија, или како и на минатите избори ќе освои 1,2 % од гласовите на македонскиот електорат? И дали, ќе понесе одговорност, ако истата не ја направи парламентарна партија, или исто како еден бард на македонската политичка сцена, кој најавуваше дека ќе освои 120.000 гласови на минатите избори во 2016 година, а освои околу 10.000 илјади гласови, и тоа  во коалиција со Фродем на Јове Кекеновски, и место да ја наведне главата, да се покрие од срам, тој бргу, бргу влезе во коалиција со владејачкиот СДСМ, за да му дадат едно место национален координатор за безбедност, за да мора „ од нешто да живее“. 

Да ја видиме демократската одговорност на македонскиот Робин Худ од Али Експрес! 

Можете да имате секакво мислење за ЛДП како политичка партија, но неколку нејзини лидери, покажаа демократска одговорност, и кога ги губеа изборите ( т.е освојуваа 0 пратеници), си поднесуваа оставки од лидерските места во својата партија. Па дури и еден Груевски, и еден Црвенковски соодветно после поразите на нивните партии на локалните избори во 2017 и 2013 година, си поднесоа оставки, и понесоа одговорност за своите порази, и изборни резултати. Можете да  кажете се за Миленко Неделковски, и да имате секакво мислење, но не можете да му негирате дека нема смисла за хумор, и тоа често пати на своја сметка.  Дури и за Тричковски. Фронтменот, постојано потенцира дека има 10.0 просек, се смее само, кога треба да исмее некој   со таква иронија и цинизам, никогаш од душа, што би се рекло. Затоа негова најголема поддржувачка и промотерка е професорката која со брзина на светлината стана и го напушти интервјуто кај Васко Ефтов, како предводник на професорскиот пленум. И ОФ мори мајко сопственикот на порталот е нивни „ идеолошки соборец“. Надмени, самобендисани, самоуверени дека се најпаметни, најдобри, најјаки, овој табор не гледа сите нас од високо. Никогаш не прифатиле критика, никогаш не прифатиле шала на нивна сметка, никогаш не прифатиле дека нивните аргументи не се во право. Добро, за да ја задоволиме нивната суета, ќе велиме дека професорот со 10.0 просек е најјакиот, дека им прави „ обљуба на немоќни  лица “ на своите тв дуел противници, дека професорката  wanna be претседателка е најдобрата, и ОФ леле сопственикот е највицкастиот урбан лик во нашето вирално пространство. Можете секакво мислење да имате и за професорката Силјановска, но не можете да порекнете дека кога настапува на телевизиски дуел, или на интервју, задржува целосно академско ниво, со пристојност на еден универзитетски професор, па дури и кога влегува во некои „ ниски удари/ судари “, тоа го прави со поведение и цивилизираност како што личи на еден професор. Велат, се селеле младите масовно бегајќи како од чума од оваа земја. Ајде па, да не се селат, кога овие и вакви ликови им го обликуваат јавното мнение. Ако продолжи вака нашата жална состојба, во жална Македонија , и старите ќе почнат се помасовно да го следат патот на младите со билет во еден правец. 


Благојче Атанасовски - политиколог


Можеби ќе ве интересира

Јубилејни две децении Александар Антиќ е главен командант во Македонија

Јубилејни две децении Александар Антиќ е главен командант во Македонија

Повеќе кибицери од играчи

Повеќе кибицери од играчи

„Танцот со ѓаволот“ ја однесе шегата и ја расипа забавата

„Танцот со ѓаволот“ ја однесе шегата и ја расипа забавата