29 Септември, 2024
0.0247

Лежат на гас а чекаат на Гаспром!

Објавено во: Анализа 17 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Властите на Туркменистан го критикуваа енергетскиот гигант „Гаспром“, нарекувајќи го несигурен партнер.

Текстот кој го потпишале експерти на Туркменистанскиот државен Институт за нафта и гас е објавен недолго откако руски Гаспром соопшти дека ќе го намали увозот на гас од централноазиските земји за речиси две третини, пренесува агенцијата АФП.

Гаспром и неговите филијали периодично ги кршат спогодбите склопени помеѓу две држави, влади и министерства на две земји, што наведува на заклучок дека таа голема енергетска компнаија за жал е несигурен партнер, се наведува во текстот.

Потпретседателот на Гаспром Александар Медведев овој месец изјавил дека одлуката на компанијата во 2015 година да се намали увозот на гас од Туркменистан и соседен Узбекистан се темели на растечките производствени капацитети на самиот Гаспром.

Русија претходно од Туркменистан узвезувала околу десет милијарди кубни метри гас годишно, но сега таа количина ќе биде намалена на четири милиони кубни метри, рекол Медведев.

Пред експлозијата на гасоводот од 2009, чија причина и понатаму е непозната, Гапром од Турмекистан увезувал дури 45 милиони кубни метри гас годишно, од што поголемиот дел го извезувал преку Украина во Европа.

Туркменистан ги поседува четвртите по големина потврдени резерви на природен гас во светот, но не поседува развиена инфраструктура за негова експлоатација.