06 Декември, 2025
0.0419

Лице од Русија изнудило 20.000 евра од наш државјанин

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2025 15:53

Добивај вести на Viber

Oбвинителството отвори истрага за изнуда во Скопје. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Русија, а со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради основано сомнение  дека во земјава извршил кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, во периодот од јули 2024 година до 09 октомври 2025 год. во Скопје, со намера да прибави противправна имотна корист за друго лице, со сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на еден оштетен, го присилил да му исплати износ од 20.000 евра. Во повеќе наврати му се заканувал на оштетениот дека доколку не го врати неговиот наводен долг кон лице од Босна и Херцеговина, во вкупен износ од 300.000 евра ќе му го загрози животот нему и на неговото семејство. Осомничениот стапил во контакт со оштетениот со кој остварил повеќе средби, а на средбата на 09 октомври 2025 година од оштетениот зел 20.000 евра, по што бил лишен од слобода“, велат од ОЈО. 

Бидејќи постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци и врз оштетениот, како и ризик да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија