20 Декември, 2025
0.0932

Лидија Димова: Премиерот има интерес за отворање нов универзитет, а другите се разбираат само во финансии

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2022 13:49

Добивај вести на Viber

Поранешната пратеничка Лидија Димова, инаку обвинета дека како директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, заедно со уште две лица злоупотребила 320.000 евра пари од европски фондови, го искритикува составот на новоформираниот Совет за унапредување на образованието и науката.

Со работата на Советот ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Димова за Ковачевски напиша дека преку ова тело има интерес за отворање на нов приватен универзитет во земјата, додека останатите членови се разбирале само „во финансии“.

„Од составот на ова тело се гледа дека Советов е осуден на пропаст. Премиерот има интерес за отворање нов универзитет (барем јас кога бев некој фактор ми беше кажано), а другите се занимаваат само со финансии. Каде е СЕП? Да не ја споменувам ни Националната агенција за европски образовни програми и мобилност... Или, ова нема да биде дел од евроинтерациите на нашата држава... ЕУ има милион образовни стратегии што мора да ги следиме!“, напиша поранешната пратеничка која до лани ја водеше Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата ја усвои информацијата за потребата од формирање на Советот, преку кој ќе се овозможи подобрување на квалитетот на образованието и науката, оптимизација во образованието, зајакнување на системите на евалуација и оценување, реформирање на наставните програми со нивна поголема насоченост кон резултатите од учење, подобра ориентираноста на програмите за стручно образование и обука кон потребите на пазарот на трудот, како и програмите во високото образование да ги отсликуваат потребите на пазарот на трудот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки