ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА СЕ ЕКИПИРА, НОВИ ВРАБОТЕНИ МУ СЕ ПРИКЛУЧИЈА НА ТИМОТ - кога ќе стартуваат со работа првите маркети
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2024 14:00
Кога ќе ги имаме првите отворени маркети на Лидл во Македонија се уште немаме прецизна информација, но затоа една работа е извесна, а таа е дека се екипира тимот на Лидл Македонија.
Компанијата тоа го објави на својот Линкедин профил, заедно со фотографија од новите вработени.
„Запознајте ги нашите нови колеги. Минатиот петок пречекавме уште една група членови на Lidl во тимовите за набавка, ИТ, администрација и човечки ресурси. Возбудени сме што растеме заедно! Добредојдовте во #teamlidl!“, се вели на Линкедин објавата на Лидл Северна Македонија.
Како што е познато, неодамна беше завршена изградбата на првиот маркет на Лидл во земјава, и тоа во Битола, а се работи и на отворање маркети во Скопје и Кавадарци, а се планира нив да ги има и во Штип, Тетово и Кичево.Лидл гради и логистички центар во Куманово, а неодамна го купи и објактот Бриколаж од Скопски пазар, за сума од над девет милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




