„ЛИДЛ“ со кредит од Светска банка „ги гази“ локалните пазари
Објавено во: Балкан 25 Август, 2015 12:15
Лидл со кредит од Светската банка „ги гази“ локалните пазари, предупредува угледниот политички магазин Монитор.
Финансискиот сервис на Светската банка за помош во равој International Finance Corporation (IFC), имено, одобрил , дури 350 милиони евра позајмица на Schwarz групата, која ја сочинуваат Лидл и сестринската Kaufland, за ширење на бизнис во Хрватска, Србија, Полска, Бугарија и Романија. Иако тие кредити во правило се наменети за мали и средни претпријатија, во кои не се вклопува концернот кој само во оваа година планира промет од дури 100 милијарди евра и сопствен капитал има на фрлање, од IFC образложуваат како тој со својот дисконтен модел ги менува животите на луѓето во сирмашните земји, пишува пословни.хр.
Тврдат дека неговите производи се достапни за социјалните категории граѓани, ниска куповна моќ, а од друга страна и на локалните фармери им даваат места на полиците. АРД тоа пак, на пример Романија, го нарекува скандал. На еден пазар во Букурешт во близина на Лидл фармерите едвај има што да продадат, а купувачи се помалку. Најновиот кредит на Schwarz групата е само еден во низата ефтини заеми кои Лидл и Kaufland поради освојување на источна Европа ги добиле во последните десет години.
Светската банка и ЕБРД им дале повеќе од 900 милиони долари до мандат на помагање на развој на локалните заедници и неразвиени земји, како и борба против сиромаштијата. Лидл, на пример, и во 2013 добил повеќе од 105 милиони долари за ширење во Бугарија и Хрватска и влез во Србија, а дека тие пари успешно ги користи, најдобро го докажува тоа пто во РХ во 2006 влегол со отварање на 13 продавници, а денес ги има 86. Во првиот квартал на оваа година Лидл Хрватска со Kaufland држел 18,9 % од нивниот пазар, а ланската нето добивка од околу 108 милиони куни била колку четири пати поголем Конзум.
Претседателот на Хрватската овоштарска заедница Жељко Б. вели дека домашните одгледувачи на овошје никако не може да конкурираат на полиците на Лидл бидејќу не се здружени, немаат доста количини ни ладилници, па во нивно име и со нивна стока преговараат велетрговците, кои поради конкуренцијата ги давале за ништо. Секако дека поради тоа овоштарите пропаѓаат, вели тој.
Приватниот консултант Драго Муњиза вели како Schwarz групата веќе е број еден во Хрватска, ако не по приходите, тогаш по трендот на раст на сите клични показатели а од рака и иди и да е сеевропски ланец потпомогнат од базни германски пазари, кои не се во криза и имаат околу 80 милиони потрошувачи.
„Лидл форсира ефикасност, која ја нема доволно во РХ, посебно по капацитети, па нивната робка марка „Вкуси ја татковината“ или Kaufland Храватското знаме е само рекламен трик, иако тоа не знали дека тие не ви сакале да ги зацврстат хрватските производи во својот асортиман. Факт е , меѓутоа, да довезуваат млеко од далечните ЕУ дестинации или БиХ, што не е коректно. Значи, на хрватските произведувачи е да им се прилагодат или да ги забоколат, најдобро со извоз на останатите пазари“, вели Муњиза.
Уверен е и дека Schwarz групата и понатау ќе продолжи да јакнее во регионот, а тоа што е меѓу најуспешните и најефикасните, логично е, смета тој, да лесно доаѓа до кредити кои сигурно ќе ги враќа.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




