Линијата на огнот е подолга од 300 метри - гори кај Слупчане
Објавено во: Македонија 04 Август, 2023
Пожар попладнево избувнал кај липковското село Слупчане. Горат трева и грмушки.
Како што објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот во липковско е на линија Слупчане – Ваксинце во насока кон Алашевце. Линијата на огнот е подолга од 300 метри.
Во близина на пожарот има борова шума и прават напори да се спречи ширење во таа насока.
Пожарот кај Богданци е изгаснат. Претходно, имаше пожар кај Отовица.