Лукаревска: По два негативни тестови се враќам на моите секојдневни обврски
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Јуни, 2020
По два негативни тестови за коронавирусот, се враќам на моите секојдневни обврски, oбјави на Фејсбук, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
„Сакам од срце да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа поддршка овој период - морална и функционална. По ова искуство сакам да упатам порака до сите наши сограѓани - бидете одговорни, но и солидарни. Ова е вирус кој може да допре до секој од нас. Да бидеме многу внимателни, да ги заштитиме нашите блиски и сите сограѓани. Да подадеме рака и да дадеме силна поддршка на оние кои се соочуваат со вирусот, заедно со сите опасности кои ги носи. До сите кои имале контакт со КОВИД-19: Сочувство за загубените животи и лесно опоравување за оние кои се борат за своето здравје. Секоја чест за здравствените работници, кои храбро и решително застанаа и останаа во првите борбени редови. Да им помогнеме, да продолжиме да ги почитуваме мерките. Да бидеме тука еден за друг - силни и обединети“, пишува таа.
Таа имала работни состаноци со сопартиецот Мухамед Зекири, за кој беше објавено дека е позитивен.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.