МЕНУВАЊЕ НА ЛИЧНО ИМЕ: Колку често Македонците се решаваат на ваков чекор?
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2020
Повеќе од 3.000 луѓе лани, и најмалку 1.000 оваа година поднеле барање во Министерството за внатрешни работи за промена на личното име.
Бројките од надлежните покажуваат дека во текот на 2019 година поднесени се вкупно 3.706 барања за промена на личното име, а во тековната 2020 година до 3 јули поднесени се вкупно 1,157 барања. Како дел од личното име, граѓаните можат да извршат промена на презимето и тоа се случува многу почесто.
„Личното име (името и презимето ) е лично право на граѓанинот. Граѓанинот има право да го промени личното име, односно само името или презимето. Како најчести причини за промената на личното име (најчесто презимето) се промена на презиме по основ на склучен брак, промена на презиме по основ на развод на брак и други лични причини“, одговараат од МВР.
Граѓаните сведочат за бројни примери каде наши сограѓани одлучиле да го променат своето лично име затоа што не им се допаѓало, а многу од нив го промениле името и заминале да живеат во странство.
„Познавам маж кој го смени името затоа што не си го сакаше и цел живот користел друго име при претставување. Тој го промени името и се исели од Македонија“, раскажува наша сограѓанка.
Луѓе од различни возрасни групи, различни професии решиле да го променат своето име.
Драгица Милошевска од Скопје вели дека кога им се родил внукот, сопругот добил желба да го промени своето име и да се вика исто како и внукот, но тоа сепак не го сторил.
„За името оправувам доколку некој сака да си го смени, но во презимето не треба да се чепка според мене затоа што тоа се корените, кои ги имаме со години, со векови“, вели таа.
Во согласност со Законот за лично име, нема да му се одобри промена на личното име, односно само на името и презимето на лице против кое се води кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност или на лице кое е осудено за такво кривично дело, додека казната не е извршена или додека траат правните последици на осудата. Истото важи и за лице за кое ќе се утврди дека барањето го поднело заради одбегнување на со закон утврдени обврски.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.