Лино Фрутолино и Бебивита млечна каша повлечени од пазарот – пронајдени биле парчиња стакло
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2013 10:07
Министерството примило информација од Европската комисија дека во тие производи, кои се наоѓаат на пазарите на Австрија и Германија, се наоѓаат парчиња стакло. Иако нема податоци за дистрибуција на споменатиот производ во Хрватска, компанијата Милер од превентивни причини спроведува повлекување на производот и го информирала министерството, јавуваат хрватските медиуми.
И Подравка вчера соопшти дека во Хрватска привремено се повлекува производот Лино Фрутолино од 200 грама. Поради внимателност и дополнителни анализи, на препорака на Санитарниот инспекторат, Подравка донела одлука за привремено повлекување на Лино Фрутолино серија 22052013, со рок на употреба до 22 мај 2014 година, кој е дистрибуиран исклучиво на хрватскиот пазар, стои во соопштението, пренесуваат хрватските медиуми.
Иако лабораторијата на Подравка за контрола на квалитетот утврдила дека производот е исправен, што потврдила и независна анализа во акредитирана надворешна лабораторија, и тоа на повеќе примероци од истата серија, Подравка во согласност со својата политика за безбедност и квалитет на храната, одлучи привремено да го повлече споменатиот производ за да направи дополнителни анализи и да ја потврди неговата исправност, стои во соопштението на Подравка.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




