Листа на професии кои најбрзо пропаѓаат
Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2013 15:27
Поради цената на техниката, која секоја година е сѐ пониска и пониска, на купувачите повеќе им се исплаќа да купат нов апарат отколку стариот да го дадат на поправка.
Исто така, произведувачите даваат гаранција со која нудат замена на апаратот во случај на поправка, а сето ова довело овој сектор во САД да претрпи пад од околу 5.7% годишно.
Изнајмување на DVD-а
Јасно е дека со интернетот и веб страните на кои може да се симне секој филм или игра која ја сакате, практично нема потреба за изнајмување на истите. Се очекува овој сектор за следните години да доживее пад од 13.8% годишно.
Издавање на весници
Издавачката дејност особено весниците и магазините сѐ повеќе ги има на интернет порталите и сѐ повеќе се менуваат поради навиките на читателите. Во следните пет години, издавачите очекуваат пад на приходот за 14.2% годишно.
Производство на CD-a, DVD-a
Технолошкиот развој ја намали потребата за компактни дискови за складирање на податоци. Потрошувачите започнаа да користат хард дискови или USB флеш мемории, така што индустријата падна за 7.4% во последните 10 години.
Се предвидува дека падот ќе продолжи и тоа за 4.4% годишно во следните 5 години.
Производство на женска облека
Како и претходните два примери, овој сектор доживеа пад во САД поради преместувањето на производството во други земји. Во САД сега постојат 1.196 работилници кои нудат женска облека за разлика од претходната кога биле 2.272.
Сепак на облеката секогаш може добро да се заработи, може ефтино да се доведе во странство и скапо да се продава на домашниот пазар.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




