05 Декември, 2025
0.4004

Листата на постковид симптоми сѐ поголема: Два проблеми посебно загрижувачки

Објавено во: Корона Вирус 21 Февруари, 2022 11:00

Добивај вести на Viber

Во таа група имало 38 отсто повеќе случаи на стресни нарушувања, како и 41 отсто повеќе нарушувања поврзани со спиењето.

Ковид остава последици во вид на психички проблеми, стрес, анксиозност, но и нарушувања во исхраната, предупредуваат експертите. Коронавирусот кај претходно здрави пациенти предизвикува не само ментални здравствени проблеми, туку и нарушувања во исхраната во загрижувачки висок процент, покажа новото истражување.

Истражувачите анализирале податоци од повеќе од 153.000 воени ветерани на САД и откриле дека претходно здравите пациенти имале значителен скок во бројот на пријавени проблеми со менталното здравје, вклучително и нарушувања во исхраната.

Студијата опфати три групи – луѓе кои претходно имале КОВИД и немале ментални проблеми, луѓе кои немале КОВИД и „контролна“ група, односно податоци добиени пред пандемијата на корона вирусот.

Откриено е дека пациентите кои биле подложени на корона имале 39 отсто поголеми шанси за депресивни нарушувања, како и 35 отсто поголеми шанси за случајни анксиозни нарушувања во месеците по инфекцијата. Во оваа група спаѓаат и проблемите со исхраната како што се булимија или анорексија.

Во таа група имало 38 отсто повеќе случаи на стресни пореметувања, како и 41 отсто повеќе нарушувања поврзани со спиењето. Речиси 19 отсто од нив примиле дијагноза или препишале терапија поради невропсихијатриски проблеми.

- На пациентите мора да им пружиме соодветна грижа по закрепнувањето за да немаме многу поголема криза во иднина - изјави д-р Зијад ал Али, клинички епидемиолог од Сент Луис.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: