18 Мај, 2024
0.2089

Љубомора: Како најдобро да ја контролирате?

Објавено во: Стил 13 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Љубомората има начин на кој уништува се’ пред неа без срам. Неколку совети според можат да направат значајна разлика во контролирањето на вашата љубомора:

Фокусирајте се на сопствените квалитети

Позитивноста и гледањето на посветлата страна неверојатно многу помага во избегнувањето на чувствата на љубомора. Љубомората се храни со негативните емоции, затоа одземете ги негативностите од равенката и таа едвај ќе преживее. Вие сте во најдобра позиција да одлучувате дали тоа што го правите е исправно. Воедно сте и најдобриот човек кој себеси ќе се потсетува што е позитивно во вас.

Не се споредувајте со другите

Една од главните причини поради која луѓето се љубоморни е споредувањето со другите луѓе и што тие имаат. Сите сме комплетно уникатни индивидуи, и кога целосно ќе го разбереме овој концепт, ќе разбереме и дека споредувањето на едни со други е бескорисно. Сите ние имаме работи што некој друг ги нема и обратно. Комбинацијата од тоа што го имаме и тоа што го немаме е уникатна. Можете да тежнеете кон нешто или пак да имате одредена карактеристика како и некој друг. Ова е најчесто позитивно чувстство што буди  раздвижување и подобрување. Разликата е што љубомората буди парализа. Вие не можете да бидете некој друг, ти  си „ти“, затоа фокусирајте се на тоа да станете најдобар “ти„.

Потсетувајте се на последиците

Што добро произлегло од љубомора? Љубомората остава само траги на болка и разочараност. Зошто да си дозволите да се чувствувате така кога знаете дека ништо добро нема да произлезе? Се работи за контрола на мозокот. Љубомората е претешко чувство за да се контролира. Затоа треба да се потсетувате на сите потенцијални лоши работи кои може да резултираат од љубомора. Не само што се потиштувате себеси, туку постојат шанси да влијаете и на други луѓе. Навистина ли сакате таквото негативно искуство на луѓето околу вас да потекнува од вас? Размислувајте за последиците додека вашата љубомора расте, за да можете полесно да ја скротите.

Насочете ја љубомората во мотивација

Наместо да дозволите да ве изеде љубомората , размислете што можете да сторите во врска со тоа. Не си одземајте време до бескрај со љубомората, ќе станете ирационални и лути. Концентрирајте се на конструктивни начини да ја насочите енергијата  од оваа љубомора кон нешто од кое и самите може да имате бенефит. Дозволете и на љубомората да ве мотивира да станете уште подобра човек од таа што сте. Нека ве натера да се подобрите себеси. Наместо да дозволите да ве уништи, дозволете и да работи за вас.  Набрзо ќе осознаете дека љубомората може да прерасне во аспирации кои можат да ви одат во прилог.  Насочете ја љубомората кон нешто што може да ве мотивира да се промените за добивање контрола над љубомората и да ја натерате да работи во ваша корист.