23 Ноември, 2024
0.0298

Љубовен хороскоп за 2017 година:Овенот да се подготви за проширување на семејството, Вагата за авантури…

Објавено во: Општо 23 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Овен
Сите Овни уште од 2011 година влегоа во седумгодишен период кој им носи големи промени. Тоа не значи промена на партнерот или драми во љубовниот живот, меѓутоа факт е дека кај некои Овни во 2017 година ќе има разни случувања – преселување, потомство, менување на навиките и односите. Потомстовото е важно иако во претходните неколку години не сте направиле ништо ново, оваа година може да ви донесе проширување на семејството. За здрав приватен живот важно е во меѓувреме да изградите здрав однос со вашето семејство, да им простите на вашите родители, себеси и да пронајдете заеднички јазик.

Младите Овни и понатаму ќе имаат повеќе емоционални проблеми, а постарите сега треба да започнат да се грижат за оние со кои најмногу се нервираат. Април ви донесува леснотија во односите, нови познанства и возбудувања, додека од втората половина на октомври станувате поумерени и тоа трае се` до декември.

Бик
Со излегувањето на Сатурн од вашата куќа која се однесува на љубовните односи, сериозните врски и постојаните заедници – ќе се почувствувате како да се споиле сите мостови во светот. Долгите транзити ја имаат моќта работите да ги направат напорни до откажување, па токму тука голем број луѓе потклекнуваат, ги спуштаат критериумите, прават компромиси или го прифаќаат минимумот – но не и вие. Бикот никогаш не се откажува и упорно може да го чека своето, бидејќи најдобро од сите ги познава сопствените вредности и јасно знае што заслужува. Промените ги мразите од дното на душата, а секогаш тежнеете кон квалитет и стабилност. Затоа и во љубовта доаѓа во предвид личост со која можете да изградите постојан однос а не привремена романса. Биковите кои се веќе во заедница преминуваат на ново ниво на односи, со оглед на тоа што во претходните неколку години покажале трпение и разбирање кон партнерот.

Близнаци
За Близнаците најчесто се вели дека со себе носат леснотија, нивната насмевка, разиграност, љубопитност и раздвиженост прави да остават одличен впечаток. Меѓутоа, не е се` совршено. Секогаш постои онаа другата интровертна страна – која во своите четири ѕидови смислува каде да пронајде смисла и како конечно да биде задоволен во љубовта. Во изминатите три години постојано се враќавте на старата љубов, бевте со партнери со кои се задржувавте кратко, и сето она што би требало да биде блискост и препознавање – се претвораше во конфликт и предизвикувач за потсвесна траума. Со влегувањето на Сатурн во вашето седмо поле кое астроллошки се однесува на заедницата и врските, ситуацијата е следна: ќе го добиете она и што го очекувавте, партнер со кој ќе се разбирате.

Рак
Вашиот романтизам и навиката да мечтаете можат да ве одделат од реалноста. Уште од влегувањето на Плутон во Јарец (во 2008 година), што е вашето природно поле на партнерски односи, започнаа да се случуваат големи промени, границите на вашето адаптирање се некако намалени, па фрустрациите се се` почести – не затоа што повеќе ги има, туку затоа што сте се осудиле да ги почувствувате, а не да ги потиснувате. Во текот на април ќе се чувствувате особено заљубени, и покрај тоа што на повидок нема да има некој потенцијален партнер. Во овој период ќе бидете заљубени во самата идеја за љубовта, па токму поради тоа ќе се чувствувате свежо, убаво и секако, романтично. Околу средината на септември ве очекува интересна љубовна средба. Од вас зависи дали ќе прерасне во нешто повеќе или ќе биде само обично пријателство.

Лав
Партнерства на пат, со странци или стари пријатели. Уран кој владее во вашата природна 7 куќа односно сега е во Овен, вашата 9 куќа за патувања, далечини, нови визии, филозофија и поглед кон животот, ќе ви донесе нова филозофија, па сликата за брачните односи радикално ќе ви се промени. Се` повеќе ќе ја цените довербата која отсекогаш била на место број еден. Љубовта на голем број Лавови ќе започне или заврши на аеродроми во 2017 година. Бившиот партнер исто така повторно се појавува бидејќи Сатурн од 2017 ќе се најде во вашето 5 поле, кое се однесува на љубовта, еросот и вашата младост. Октомври ви донесува пренасочувања. Кризните месеци се јануари, фебруари и март, такашто на самиот почеток на годината потребно е да внимавате на љубовните односи.

Девица
Во потрага по вашиот идентитет преку партнерот – би гласел насловот на вашата љубовна приказна и во 2017 година. Зошто? Затоа што ќе се изгубите себеси во љубовниот однос, ќе заборавите што сакате и што не сакате и како да ги исполнувате сопствените желби. Ова е доста уморувачки и напорно. Во текот на летото ќе имате мали показатели на ситуации кога ќе почувствувате јасна потреба да бидете сами, па добро би било доколку се одлучите сами да отпатувате на одмор – потребно е да се слушнете себеси. Повеќе не знаете кој е кој, и кој што сака. Затоа 2017 година е најдобро да ја поминете со самите себеси, без многу амбиции во врска со љубовта. Април може да биде интересен, меѓутоа внимавајте да не се повредите или да не останете изневерени.


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.