23 Ноември, 2024
0.0263

Љубовен хороскоп за 2017 година:Овенот да се подготви за проширување на семејството, Вагата за авантури…

Објавено во: Општо 23 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

2

Вага
Можеби Вагата е единствениот знак за кој секоја година е љубовна. Во 2017 година Вагите се враќаат на младешката љубов, во смисла на романтиките, авантурите, заинтересираноста за забава и излегувањата. Од 2011 година Вагите се наоѓаат во љубовна треска – Уран, кој на неколку пати досега, повторно носи интензивни, кратки средби и врски кои не успевале да се одржат и покрај почетната обострана заинтересираност. До 2017 година претставниците на овој знак ќе успеат да се осветат од својата желба за љубов, и ќе сфатат дека најубавата е онаа која е лесна и спонтана. Со самото навлегување на Венера во Лав, вие ќе бидете природни, насмеани и среќни.

Шкорпија
За Шкорпиите првите три месеци од новата 2017 година ќе бидат турбулентни, пропратени со немири од кои Шкорпиите најлесно ќе поминат со опцијата „delete“, ќе се рестартираат и ќе започнат под почеток. За некои од нив, кои веќе две години трпат разни удари и понижувања, оваа година ќе ја започнат со огромна насмевка на лицето, а оние кои веќе ја отворија Пандорината кутија им претстои уште година дена несогласувања. Во август, кога Јупитер ќе се најде во знакот на Девица, во добар аспект со Плутон, добрите совети од пријателите или експертите, како и парите – ќе решат многу љубовни проблеми. Парите се моќ, а без пари Шкорпиите не се чувствуваат победнички, и не веруваат дека ќе ја има личноста која ја сакаат ниту пак дека ќе бидат сакани од некој.

Стрелец
Стрелецот е оној кој времиња наназад ги тешеше Шкорпиите, Вагите и Девиците додека беа под влијание на Сатурн во нивниот знак. Сега дојде часот кога големиот советник, создавач на сите одговори, покажува како се снаоѓа во истата ситуација. Затоа не се чудете кога ќе видите Стрелец како молчи, повеќе отколку што сте навикнати. Во новата година се` помалку ќе излегувате во јавност, и нема да бидете расположени да се јавувате на телефони. Што се однесува за зафатените Стрелци, не ја барате страста и романтичната авантура која претходно ја баравте од партнерот, иако до вчера мечтаевте по неа. За оние кои се слободни, ги очекува период во кој ќе запознаат личност и ќе започнат врска на далечина.

Јарец
Од 2011 година, со влегувањето на Уран во Овен и во вашето поле на мир, имагинација, семејство и блискост, никако не успевате подолго да го задржите за себе чувството на пријатност во друштво со партнерот. Постојано нешто ве влече напред, а немирот во вас ве тера да се движите, а всушност бегате од емоциите. Дојде време на светот да му покажете колку умеете да сакате, колку сте подготвени да давате и да примате и колку сте ранливи.
Затоа и бегате. Некои Јарци самите ќе пронајдат начин да ја подобрат атмосферата во домот, меѓутоа се` што ќе успеат да предизвикаат е хаос. 2017 година е година за пронаоѓање на себеси и вашта емотивна состојба, па затоа внимавајте со кој ќе се дружите и кој ќе биде вашиот партнер. Доколку претстојната еволуција не направи некаква промена, тогаш веројатно грешката е во вас.

Водолија
Доколку не беше добрата волја и разбирање на вашиот партнер, 2014 година можеше да биде симболизирана како година на раскинување, особено за долгите врски. Онаму кадешто е подготвеноста на партнерот да дојде до помирување, не успеваше, но барем вроди плод – ќе останете во добри односи и поштедени сте од непријатности. Во 2017 година ситуацијата е доста слична, а преживувањето на вашата врска зависи од партнерот многу повеќе отколку од вас. Не во смисла дека партнерот е главниот, туку тој несвесно со неговата мудрост, разбирање и надеж за иднината, ве поттикнува да го подобрите вашиот однос. За некои Водолии, 2017 година е година на задоволство во заедницата или во врската која ја имаа, и година на планови за брак или дете.

Риби
Пливањето по површните задоволувања за емотивните потреби, по многу пати повторно ве остава сами, со големи очекувања, но ситни добивки. Причината во тоа не е лошиот хороскоп или немањето среќа, ниту пронаоѓањето на погрешни партнери, туку недавањето на простор да пронајдете некој кој навистина ќе го запознаете и засакате. Полесно ви е да си играте, да се забавувате и флертувате, и да уживате во еротските моменти. Со навлегувањето на Јупитер во август во вашето поле на љубов и партнерство, ќе ви се олесни развивањето и градењето на односите. Вашите нереални очекувања ќе ве удрат по глава



Претходна страна  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.