Љутков и Деребан одговорноста за уривањето на куќата на Малески ја префрлија на Мерко, СДСМ и ДУИ
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2025 12:57
Поради изградба на објект во Струга, оштетен е ѕид и кровот на куќата-музеј на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна, која е споменик заштитен како културно наследство.
Јавното обвинителство во Струга и струшката полиција веќе беа на терен за да ја утврдат одговорноста на приватниот грдежник кој ги поткопа темелите на куќата.
Денес местото на настанот го посетија и министерот за култура Зоран Љутков и заменик-министерот за правда Ален Деребан, кој е од овој град. Љутков дури и се обрати на опозициската СДСМ дека во овој случај е клеветен и дека неосновано се бара одговорност од него.Тие одговорноста ја префрлија на градоначалникот Рамиз Мерко, СДСМ и ДУИ.
- Станува збор за незаконско одобрение за градење, до Управата за културно наследство не е доставен документ и известување
МВР и Обвинителството да ги обезбедат сите материјални докази за бесправно градење и уништување на недвижен имот прогласен за заштитено културно наследство,рекоа тие пред медиумите, рекоа тие.
Полицијата потврди дека е поткопан темелот на куќата на Владо Малески во Струга, а против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.
„На 15 октомври 2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци“ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од полицијата.
На местото на настанот увид извршиле претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, во согласност со член 264 од Кривичниот законик.
Можеби ќе ве интересира
ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ САМО ЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Тоа е последен неработен празник за годинава
ОРЦЕ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ГЕНЕРАЛКАТА: Ја прогласи акцијата за успешна, собрани над четири и пол илјади тони отпад
УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ: Алиу вели се разгледуваат три опции
ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СИНОЌА УДРИЛ ВО КОНТЕЈНЕРИ И ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО: МВР го фати и му поднесе пријава
„НАРОДОТ НА ДУИ ИМ ГО ОДЗЕДЕ ПОЛИТИЧКИОТ КИСЛОРОД“: ВЛЕН за ДУИ
БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје
(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани
Поради сообраќајка затворен патот Струмица - Ново Село





