Лога: Силјановска Давкова да ја повтори заклетвата како Барак Обама
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2024
Министерството за правда излезе со соопштение во кое стои дека министерот Кренар Лога бара од претседателката Гордана Силјановск Давкова да ја повтори заклетвата,откако на вчерашната инаугурација го користеше само името „Македонија“ со што предизвика негативни реакции во грција.
Според Лога,така своевремено направил и поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Првата заклетва на Обама, според министерот, била неточна и следниот ден повторена по втор пат според прописите.
„Министерот за правда, Кренар Лога осврнувајќи се на заклетвата на претседателката Гордана Силјановска Давкова на својот фејзбук профил сподели видео од првата заклетва на Барак Обама која не одела според планот и порача:
Кога може САД и Обама, може и Северна Македонија и Силјановска“, гласи соопштението испратено од кабинетот на Лога.