24 Април, 2025
0.0459

ЛОКВЕНЕЦ: Новата форма на социјален живот е инвестиција во иднината, преку телефон се дружам со луѓето што ми се блиски

Објавено во: Македонија 17 Март, 2020 10:48

Добивај вести на Viber

Една работа е сигурна, а таа е дека коронавирусот и препораките од властите за заштита и превенција ни го промени начинот на секојдневно живеење. Нема излегување без потреба, нема кафе дружења со пријателите, а многумина, согласно одлуките на компаниите во кои работат, од дома ги извршуваат своите работни обврски.

Фактор разговараше со пратеникот Хари Локвенец, го прашавме како тој сега, во услови на превентивни мерки од коронавирусот, но и во време кога Собранието е распуштено, ги поминува деновите. Како се снаоѓа во оваа нова форма на социјален живот што ни ја наметнуваат мерките.

„Сето ова е инвестиција во иднината. Новата форма на социјален живот е всушност инвестиција на сите нас во заедничката иднина, во смисла дека сето ова мора да го пребродиме за да функционираме понатаму. Искуствата низ историјата покажале дека иако можеби не најголемите, но во секој случај поголемите изуми и уметнички дела се резултат на изолација која настанувала во вакви тешки периоди“, вели Локвенец. 

Како му поминува еден обичен ден? Сите петорица, заедно со децата и сопругта, се дома заедно, во стан од 79 квадрати. Најмалиот син има 11 години и е во основно училиште, средниот студира, а третиот во моментов се подготвува за постдипломски студии.

„Сите сме дома во овој период. Сепак, морам да кажам дека функционирањето во помал град е полесно отколку во Скопје, во смисла да се обезбедат потребните продукти. Тоа бара помалку време, бидејќи брзо се пристигнува до било кое место“, вели пратеникот.

Слободното време го користи и за политички ангажман, вели, јас како пратеник имам посебна одговорност кон граѓаните во вакви моменти. 

„Ова време го користам за помош на наши граѓани кои сакаат да се вратат од Хрватска, Словенија, Германија, нив мора да им се помогне како да дојдат дома. Еве, само утрово имав 20-тина телефонски повици за таа цел. Исто така, помагав во организацијата на Кризниот штаб во Прилеп околу превенцијата од коронавирусот. Јас сум претприемач и предавам менаџмент, и токму овој тип на организација и кризниот менаџмент ми се во крвта, тоа се дел од вештините за кои се обучував“, вели Локвенец.

Така што, објаснува, не може целосно да се препушти на изолацијата, туку мора и да ризикува и да излезе од дома, за да ги оствари неопходните контакти за оваа помош. Но, строго се придржува на препораките, оддалеченост од најмалку метар и половина, а со себе носи и маска и ја користи доколку има потреба.

Времето му поминува и во следење на состојбите со коронавирусот, не само во земјава, туку и во светот.

Дали му недостига кафепиењето со пријателите во некој од прилепските локали?

„Дома имам апарат за кафе, тоа е замената сега. Исто така, разговарам на телефон со пријателите. Социјалните мрежи помалку ги користам, знаете, јас сум од постарата генерација и преферирам телефонски да се слушнам со оние што ми се блиски“, вели за Фактор пратеникот Хари Локвенец.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ПОСТАПУВААТ ИСТИТЕ ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ КОИ СЕ БИРАНИ ОД СДСМ“: Мицкоски контра Трајчулески за истрагата во Кочани

„ПОСТАПУВААТ ИСТИТЕ ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ КОИ СЕ БИРАНИ ОД СДСМ“: Мицкоски контра Трајчулески за истрагата во Кочани

ГАШИ ТВРДИ: Има зголемена волја за забрзување на евроинтеграцискиот процес

ГАШИ ТВРДИ: Има зголемена волја за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Интерпелацијата на Тошковски на 29 април

Интерпелацијата на Тошковски на 29 април

„ДИРЕКТОРОТ ШТО БАРАШЕ МИТО ЗА ГЕРИЈАТРИЈА БЕШЕ ЧЛЕН НА НАШАТА ПАРТИЈА, УТРЕДЕНТА ГО РАЗРЕШИВ, ГО ИСКЛУЧИВМЕ И ОД ПАРТИЈА“: Таравари за скандалите во здравството

„ДИРЕКТОРОТ ШТО БАРАШЕ МИТО ЗА ГЕРИЈАТРИЈА БЕШЕ ЧЛЕН НА НАШАТА ПАРТИЈА, УТРЕДЕНТА ГО РАЗРЕШИВ, ГО ИСКЛУЧИВМЕ И ОД ПАРТИЈА“: Таравари за скандалите во здравството

„СО ЏИП СЕ КАЧИ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА, ПРИНУДИ ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА ДА СЕ ТРГНЕ, ЗА ТОЈ ДА ПОМИНЕ“: „Да го направиме господинов познат“ се вели во објавата а видеото се споделува на социјалните мрежи

„СО ЏИП СЕ КАЧИ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА, ПРИНУДИ ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА ДА СЕ ТРГНЕ, ЗА ТОЈ ДА ПОМИНЕ“: „Да го направиме господинов познат“ се вели во објавата а видеото се споделува на социјалните мрежи

Гром усмрти жител од прилепско

Гром усмрти жител од прилепско

И СОПСТВЕНИК, И ПЕНЗИОНЕР, И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР - кој газда добива награда од 2.400 евра, но затоа направи модерни и признати бањи

И СОПСТВЕНИК, И ПЕНЗИОНЕР, И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР - кој газда добива награда од 2.400 евра, но затоа направи модерни и признати бањи

ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?

ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?

ЛА НИЊА ЛЕТО ПРЕД НАС: Ни следуваат суперќелиски бури и поплави

ЛА НИЊА ЛЕТО ПРЕД НАС: Ни следуваат суперќелиски бури и поплави