18 Мај, 2024
0.0284

ЛОНДОНСКАТА ФИРМА УПОРНА, „МАКПЕТРОЛ“ НЕ СЕ ДАВА: Одбиен третиот обид за преземање!

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Лондонската компанија по трет пат доставила најава дека има намера да достави понуда за откуп на сите слободни акции во македонскиот гигант за малопродажба на нафтени деривати „Макпетрол“.

Меѓутоа, од „Макпетрол“ велат дека и овој пат документацијата не е целосна и уредна па затоа го одбиваат барањето за разгледување на понудата.

„На ден 21.6.2016 година, во 15:45 часот, во Макпетрол А.Д. Скопје, повторно е примен допис од „Balkan Petroleum Holding Limited“ од Обединетото Кралство, преку полномошник Петар Стојановски, со кој е доставен заверен превод на издадено полномошно, потврдено од нотар од Лондон, Англија на ден 14.6.2016 година, апостилирано со датум 16.6.2016 година, согласно со Хашката конвенција за легализација од 5.10.1961 година.

После разгледување на доставената документација, повторно се утвди дека е неуредна и нецелосна и врз основа на истата неможе да се постапува“, стои во денешното соопштение на берзата поставено од компнијата Макпетрол.

„Макпетрол“ е јавен сервис, гигант што поседува над 100 пумпи, неколку складишта, национална телевизија, лиценци за увоз на возила и на компјутери, управува со фирма што има над 80 транспортери за спцијален транспорт на запалливи материи и можеби и најважното има стручен кадар и основни средства во управување со националниот гасоводен систем.

Оваа за многумина неочекувана вест силно влијаеше на цената на акцијата на „Макпетрол“, но и врз инвеститорската заедница затоа што отвори многу прашања и дилеми, а особено најважното е зошто во овој момент стигнува вест дека некоја компанија има намера да го купува „Макпетрол“.

Веста заслужено се наоѓа во фокусот на инвеститорската јавност заради повеќе значајни аспекти од кои два се најважни: прво, дека фирма која е тотално непозната за нас, но и во светот на нафтениот бизнис нуди како гром од ведро небо 50 милиони евра за сите акции во „Макпетрол“! Второ, дали ова е всушност обид за непријателско превземање на гигантот „Макпетрол“? Затоа што оваа вест дојде како гром од ведро небо.

Васили Евдокимов ја предводи фирмата што сака да го преземе Макпетрол!

Британецот Васили Евдокимов е директор на компанијата Балкан Петролеум Холдинг, заинтересирана за преземање на нафтениот гигант Макпетрол. Фирмата е основана на 28 мај 2016 година, покажуваат документите до кои дојде Фактор и кои ексклузивно ги објавивме.

На интернет може да се види дека името на Евдокимов се споменува како поранешен директор на повеќе оф шор фирми, а тој е дел и од Панама Пејперс. Британски државјанин е, роден 1957 година.

Зошто „Макпетрол“ е златна кокошка на македонската економија?

Пари ли се 50 милиони евра за фирма што лани генерирала приход од 300 милиони евра и има повеќе од 100 продажни места ширум земјава? „Макпетрол“ е најголемата фирма во земјава од аспект на годишни приходи што и дава екстра позиција во преговори со која и да е домашна банка. Колкав е потенцијалот на повеќе од 100 продажни места ширум земјава?

„Макпетрол“ е фирма што има најмногу продажни места во нашата држава. „Макпетрол“ деновиве е во фокусот на домашната јавност заради намерата за превземање што британска компанија официјално ја објави на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Овој екстремно невообичаен настан, за наши услови и можеби и единствен досега, очекувано ги разбранува, може да се рече страстите, а може да се очекува дека ќе ги поларизира интересите на различни интересни групи на национално ниво, но не треба да не изненади и ако добие политичка конотација.

Оваа анализа ќе се обиде во најкратки црти да ги најде и извади на виделина клучните нишки заради кои некој се одлучил сега, во овој нестабилен политички контекст, да извади и плати 50 милиони евра за една од најголемите македонски фирми. Овде нема да навлегуваме во тоа од каде се тие 50 милиони евра и зошто некој потенцира дека идат од „оф-шор“ фирма, а за нив се знае дека се кријат сопствениците, но и поважно дека на властите во земјите каде се регистрираат вакви фирми не им е многу важно дали парите се од нелегални бизниси и дали на нив е платен или не данок.

Тие најчесто се носат таму во кеш и се депонираат по сметки и никој не прашува дали се оданочени и дали можеле да бидат оданочени. Но тоа се дополнителни прашања за кои треба да се занимаваат нашите државни органи и лицата во нив компетентни и надлежни за решавање на вакви прашања од кои зависи дали некоја држава е „банана“, „ош-фор“ или е сериозна земја во која естаблишментот ги спроведува постулатите на пазарна економија и правна држава.

Од досегашниот развој на настаните се чини дека за „Макпетрол“ не е заинтересиран странски стратешки партнер докажан во нафтениот бизнис, а засега не знаеме кој фрлил око на оваа голема и многу важна македонска фирма. Но да се вратиме на клучните нишки заради кои некој би имал интерес да го купи „Макпетрол“.

Прво да ги споредиме фактите: според официјалните податоци лани групата „Макпетрол“(значи малопродажба на деривати, продажба на возила, компјутери, национална телевизија и други деловни активности што обединува групата) генерирала 18,44 милијарди денари кеш. Тоа е вкупниот приход. Во 2014 година износот бил 20,43 милијарди денари, а претходната година 21,3 милијарди денари. Намалените вредности се резултат на падот на малопродажните регулирани цени на дериватите и на губењето на позициите на „Макпетрол“ во борба со конкуренцијата. Како и да е и во овие услови „Макпетрол“ е еден од најголемите генератори и агрегатори на кеш во македонскиот финансиски систем. Тоа значи исклучително поволни услови во преговори со банките на нашиот пазар кои сакаат да го опслужуваат „Макпетрол“.

Зошто? Затоа што фирмата секојдневно просечно лани имал приход од 50,5 милиони денари што е речиси 900.000 евра дневно. Можеби и нема поголем поединечен клиент во Македонија. Е сега, некој нуди 3 милијарди денари за да купи фирма што годишно генерира над 18 милијарди денари приход. Дали е тоа логично?

Второ, „Макпетрол“ има повеќе од 100 продажни места во земјава. Тоа се неговите бензински пумпи. На нив освен деривати се продаваат и други продукти од малопродажба. На некои пумпи на фреквентни локации овие продавници функционираат подобро и од некои супермаркети. Со добар менаџмент и оптимизација на ресурси и позиционирање на продукти и цени овие повеќе од 100 продажни места се голем адут во раце на луѓе што знаат како се менаџира трговија. Едно просто прашање: има ли друга фирма во земјава што има повеќе од 100 продажни места –таква дистрибутивна мрежа ширум земјава? Веројанто одговорот е дека нема поголем продавач од „Макпетрол“ во земјава.

Значи некој сака да го купи најголемиот продавач во земјава што генерира 300 милиони евра и има повеќе од 100 продажни места да ја купи за 50 милиони евра. Сериозно ли е тоа?

И тоа ако тука не ги споменеме: ОИЛКО специјалната транспортна компанија, националната телевизија Телма и се разбира основните средства и кадарот што фактички управува со националниот гасоводен систем на Република Македонија?

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа