ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ТУРИСТИТЕ: Австрија воведе нова вињета
Објавено во: Свет 01 Декември, 2023 11:55
Австриската влада воведе дополнителна еднодневна вињета за возење по тамошните автопатишта и експресни патишта. Може да се купи од денес, чини 8,60 евра и во текот на декември доаѓа само во дигитална форма. Од следната година, еднодневната вињета ќе може да се купи и како налепница.
Најавено е и поскапување на десетдневната вињета која главно ја користат туристите. Неговата цена од 1 јануари ќе скокне од 9,90 на 11,50 евра. Од следната година цената на двомесечната вињета се намалува од 29 на 28,90 евра, а годишната останува иста.
Од 22 ноември вињетите се достапни и дигитално. Тоа значи дека вињетата повеќе не треба физички да се прикачува на шофершајбната на автомобилот, туку вашиот регистарски број ќе се запише во централниот систем, а проверката се врши автоматски. Можно е купување преку Интернет на shop.asfinag.at.
Она што е одлично во тој систем е фактот што сопственик на вињетата е корисникот на возилото. Со други зборови, ако за време на важноста на вињетата го промените автомобилот и регистрацијата - што не е невообичаено за луѓето кои користат службени автомобили - можете да ја префрлите тековната вињета на нова регистрација во системот. Сепак, тоа ќе ве чини 18 евра, пишува Индекс.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва




