23 Јуни, 2024
0.0263

ЛОШО ПЛАНИРАЊЕ? Градот Скопје ниту собира, ниту троши колку што планира

Објавено во: Анализа 19 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Лани во градската каса се слеале помалку приходи од планираните, ова е нотирано во извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2013 година. Вкупните приходи и други приливи (за сите сметки) во Буџетот на Град Скопје се остварени во износ од 65.101.305 евра, што е помалку во однос на планираните 87.945.414 евра, и  претставува остварување од 74% во однос на планот за 2013 година. Од Градот Скопје образложуваат дека минатата година е потрошен дел од пренесениот вишок на приходи од 2012 година.
„Со оглед дека расходите во основниот буџет и буџетот на дотации се реализирани во незначително поголем износ од остварените приходи во фискалната 2013 година, потрошен е дел од пренесениот вишок на приходи од минатата 2012 година и тоа во вкупен износ од 127.558 евра. Во структурата на вкупно остварени приходи, најголемо процентуално учество имаат даночните приходи (43%) и приходите од трансфери и донации (35%).Значително е учеството – 8,2 % на приливите од домашно и странско задолжување, што е во согласност со динамиката на реализација на проектите финасирани со кредити, стои во образложението од Градот.
Вкупен буџет(евра)             План за 2013             Остварени приходи за 2013 Даночни приходи                          29.682.926                  27.978.481 Неданочни приходи                        8.301.918                    4.016.091 Капитални приходи                      16.864.227                   4.992.513 Трансфери и донации                  24.722.357                 22.816.837 Домашно задолжување                  4.146.341                    2.980.041 Задолжување во странство           4.227.642                   2.317.339
Во делот на вкупните расходи, лани се потрошени нешто повеќе од 65 милиони евра, што претставува реализација од 73,9% во однос на планираните расходи.
Вкупен буџет(евра)                         План за 2013         Извршени расходи Основен буџет                                            49.365.853                 35.746.953 Буџет на дотации                                     22.236.910                 21.233.806 Буџет на самофин.активности              6.464.520                    2.472.388 Буџет на донации                                       1.504.146                         267.215 Буџет на кредити                                        8.373.983                    5.297.381 Вкупно                                                  87.945.414                  65.017.745
Во годината што измина, потфрлување е забележано и кај вкупните капитални расходи кои имаат остварување од 62,6 %. Според дел од градските советници ваквата реализација на буџетот е очекувана.
„Ние укажувавме и претходно дека овој буџет,кој имаше и ребаланс, е  нереален и дека е буџет на желби и изготевен по мерка на ланските локални избори.  Беа ставени нереални проекти кои не се од значење за луѓето. Буџетските приходи се намални, но има и намалување на капиталните расходи, и тоа за најзначајните проекти. На пример се најауваше дека во септември лани ќе почне изградбата на подземната сообраќајница, еве дојде и 2014 година,ништо од реализацијата, но затоа беше приоритет да се издвојат пари за проектот Панорамско тркало, што не е од никаква важност за граѓаните.Има проекти кои се важни за квалитетен живот за граѓаните, но има и такви кои не се од значење за животот за скопјани. На пример, ако треба да бираме меѓу барокните фасади, панорамското тркало и трамвајот, ние секако ќе го одбереме трамвајот бидејеќи е  од значење за граѓаните. И годинешниот буџет сметаме дека е не е реален и дека се потребни корекции, но се донесе“,  вели Предраг Трпески, потпретседател на НСДП и член на Советот на Град на Скопје.
Помалку пари од даноци, такси, закуп на земјиште Според податоците од извештајот, приходите во основниот буџет на Град Скопје, и со ребалансот се пониски во однос на планираното. Така во градската каса од даноци, глоби, такси ,надоместоци,  наместо планирате  49.365.853 евра, се собрале  35.746.953 евра. Споредено со претходната  2012 година, приходите оваа година се остваруваат со позабавена динамика, при што нивното остварување е намалено за 16,5%. Намалување во остварувањето на приходите се јавува кај приходите од данокот на специфични услуги и другите неданочни приходи, а исто така намалено остварување на приходите има кај капиталните приходи (приходи од продажба на капитални средства и приходите од продажба на земјиште и нематеријални вложувања), кое е резултат на намалената продажба и закуп на земјиште сопственост на Република Македонија. Вкупните расходите во основниот буџет за 2013 година, имаат  процентуално остварување од 72,4% и истите се извршени во поголем износ во однос на остварените приходи. Поради тоа, е искористен дел од вишокот на приходи остварен во претходната  2012 година, стои во обазложението на Градот. Лани најголем процент од расходите од основниот буџет  биле наменети за поправки и одржување на улично осветлување, летно и зимско одржување на магистрални и собирни улици и на сообраќајна сигнализација, одржување на коритата на реките Вардар и Лепенец, расходите за субвенции за јавните претпријатија на Град Скопје. Во однос на расходите, лани во основниот буџет тие имаат учество од 44,5% . Најголем дел од парите биле наманети за изградба на градежни објекти, но и за купување на опрема,машини, возила,вложувања и нефинансиски средства. Во текот на минатата година, во касата на Градот има намалување на  приходите од такси и надоместоци, а кои во најголем дел се однесуваат на приходи од закуп на деловен простор, како и приходи од дополнителни активности на средните училишта и културните установи. Поточно приходите во Буџетот на самофинансирачки активности лани приходите во споредба со 2012-та година се намалени за 30,6 %. Во 2013 –та година, Градот подигнал кредити во вредност од 5.297.381 евра, што е помалку од планираните 8.373.983 евра, но повеќе од 2012-та година кога  висината на кредитите изнесувала 3.743.373 евра. За дел од планираните проекти не е потрошен ниту денар Ако се анализира прегледот на плаќања од основниот буџет и буџетот на кредити, може да се забележи дека за некои проекти за кои биле предвидени пари за реализација со Буџетот за 2013-та, во текот на годината за нив не е потрошен ниту денар. Така и покрај тоа што биле предвидени одредени суми, не се искористени за булевар Х.Т Карпош( проширување до обиколница), дозиградба на булевар Партизански Одреди до св. Петар и Павле, изградба на надвозници, проекти за дизајн на мостови, реконструкција на булевар Никола Карев(четврта лента), Подземна сообраќајница(Влада –Комлекс банки), реконструкција на улица Скупи-крак Хубо, реконструкција на улица св.Кирил и Методиј, колектор Нерези, изградба на фекални канализации во неколку села во скопскиот регион, Изведба на громобранска заштита на плоштадот Македонија,и други проекти од останатите градски сектори. Најмалку пари и покрај планираните, се потрошени за Секторот за заштита на животна средина, Сектор за ЛЕР и Сектор за ИТ. Во текот на минатата година, од градската каса иако нешто помалку, сепак се искористени пари за изградба и надзор на  Градската куќа, реконструкција на деловни објекти, водоснабдување на Милениумски крст, подготвување на проектот Панорамско тркало, изградба и надзор на катни гаражи,реконструкции на улици, булевари, тротоари, плоштади,фонатни, автобуски стојалишта, манифестации, клупи, корпи и за другите сектори. Ланскиот Буџет на Град Скопје, уште во првите три месеци имаше слаба реализација. Тогаш од Градот изјавија дека намалувањето на  приходите во вкупниот буџет е резултат на одржувањето на локалните избори, во периодот за кој е правен извештајот. Кон крајот на годината, градскиот буџет доживеа ребаланс. Со ребалансот за 11%  се намалија планираните средства во Вкупниот Буџет на Град Скопје, а за 20% во Основниот Буџет. Причината за ребалансот беше непланираниот пад на приходите во буџетот. Но Градот, ги зголеми приходите од домашните задолжувања со образложение дека таквото задолжување се врши  поради повлекувањето на средствата од склучениот договор за заем за изградба на катните гаражи. Годинешниот Буџет на Град Скопје е поголем од лани, и изнесува нешто повеќе од 89 милиони евра. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите