Добивај вести на Viber
По речиси двонеделен штрајк и блокади на патот Градско-Прилеп кај Росоман од страна на лозарите од Тиквешијата, денеска беше постигнат договор со винарската визба „Винеа” за исплата на грозјето. Како што информираше Љупчо Аризанов, претседателот на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија”, добиена е писмена гарнција за исплата на парите кои винарската визба ги должи за откупеното грозје.
„Денеска добивме писмена гаранција дека лозарите ќе ги добијат своите пари. Имено, претставниците на винарската визба „Винеа” која на лозарите им должи над 600 илјади евра дадоа ветување дека парите за грозјето од 2009, 2010 и 2011 ќе ги добијат до 5 март оваа година. Парите пак за ланското грозје се спогодивме да ги исплатат до законскиот рок, 30 април“, изјави Аризанов.
Притоа, акко што информираше Аризанов, ваквите Гаранциите беа дадени во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во присуство на министерот Љупчо Димовски и Румен Стаменов, директор на државниот инспекторат за земјоделство. Тој посочи дека околу петнаесет лозари, кои биле на преговорите, изразиле задоволство од постигнатото. Сепак, одлуката дали ќе биде прекината блокадата кај Росоман ќе се донесе дополнително, во договор со сите оштетени лозари.
Инаку Министерот Димоски вчера го посети лозарите на блокадите и им даде уверување дека ќе се заложи за исплата на откупеното грозје.
Лозарите одлучија за ги радикализираат протестите откако винарската визба Винеа, пред половина месец беше продадена за 1 милион и 250 илјади евра, иако како што уверуваа тие, вреди многу повеќе. Тие бараа поништување на одлуката за нејзина продажба, поради стравувањето дека само банката ке си ја наплати својата хипотека за земен кредит, а тие ќе останат со празни џебови.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.