18 Декември, 2025
0.0469

Љубе Бошкоски: го уапсија филмски, го ослободија тајно!

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2016 08:58

Добивај вести на Viber

По пет години, најпознатиот политички затвореник во Идризово, од затворот си замина безшумно и без фанфари. На робија беше испратен со камери, а на излегување на капијата го пречекале роднини со кои заминал во непознат правец. Љубе Бошкоски е ослободен три дена пред истекот на затворската казна за случајот „Кампања“. Официјалниот датум за негово пуштање од ќелијата беше 6 јуни, но неочекувано Управата на затворот вчера одлучила да му го потпише решението дека тој е слободен човек. Падот и подемот на брат Љубе 56 годишниот Бошкоски, од изминативе дванаесет години, девет ги помина во затвор. Четири години беше во затворот во Хаг, од каде во 2008 беше ослободен од обвиненијата дека сторил воени злодела во конфликтот во 2001 година. На аеродромот „Александар Велики“ беше дочекан од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со екс премиерот Никола Груевски. Незаборавна е снимката кога брат Љубе се симна од авионот, се изгушка со Груевски и ја бакна земјата. Тогаш тој изјави: „Ослободителната пресуда не е само моја лична победа туку и победа за Македонија бидејќи тогаш бев обвинет за воени злосторства кои наводно сум ги извршил за време кога бев министер за внатрешни работи“, рече Бошкоски. ljube Но, кратко траеше радоста и слободата. Бошкоски повторно доби амбиции и желба за враќање на политичката сцена. Во 2009 година ја формираше партијата „Обединети за Македонија“. Од сложни сопартијци во ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори во 2011 година, Бошкоски му беше најлутиот соперник на Груевски. Неговите зборови и пораки за време на камањата станаа незаборавни. „Бандо криминална“, плови Саша, мал диктатор, братучедот Искендер Мијалков, беа дел од сите говори за време на митинзите низ земјава. Бошкоски го повикуваше Груевски да не глуми  патриотизам,  бидејќи токму тој го предал името, ги урнал вистинските вредности на ВМРО,не го решил статусот на бранителите и го терал членството преку разни списоци да го кодоши сопствениот народ. „Додека ти Никола со твојата мајка, кога се случи Карпалак, баш тогаш ги потпиша 4-те договори за купување на станови, јас бев некаде на македонското боиште заедно со хероите на Македонија. Ти ли ќе го тестираш патриотизмот на Љубе Бошкоски кој 4 години од својот живот ги даде на олтарот на Македонија. И затоа ќе те поразам, ќе те поразам и ќе те фрлиме на ѓубриштето, не на историјата, туку на политичкото ѓубриште“, велеше Бошкоски на митинзите во 2011 година. Но, Бошкоски не успеа да собере доволно гласови за да влезе во Парламентот и ден по изборите, на 6 јуни 2011 година, беше уапсен пред ресторанот „Воденица“ во Скопје за незаконско финансирање на кампањата. За сето време додека траеше судскиот процес, тој тврдеше дека е наместен. Аболиција на „Тортурата“ Специјалното јавно обвинителство во март годинава објави дека започнува истрага под името „Тортура“, за начинот на апсењето на Бошкоски, според разговорите од бомбите на СДСМ. Поднесени беа кривични пријави против седум лица, меѓу нив шестмина припадници на полициската единица Алфи, а како првоосомничен е тогашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнување Сашо Мијалков. Uhicen Ljube Boskovski 060611 Со првичната одлука на Претседателот Иванов, сите осомничени беа аболирани, а се очекуваше дека меѓу нив ќе биде и Бошкоски како нивна жртва. Но, тој не се најде на списокот на Иванов и Бошкоски во негов стил испрати порака до јавноста: „Му благодарам на Бога, што не сум дел од таа мизерија“, ги пренесе зборовите на Бошкоски, неговиот адвокат. Со втората одлука на Претседателот, припадниците на единицата „Алфи“ и натаму остануваат помилувани, а осомничен за случајот „Тортура“ е само Мијалков. На судењата им нема крај Бошкоски сега иако е на слобода, тој и натаму останува редовен посетител на судниците во Кривичниот суд. Обвинет е и осуден во случајот „Ровер“ за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев на казна затвор од 12 годни. Пресудата двапати беше поништена од Апелациониот суд и вратена на повторно судење. Какви се идните планови на Љубе Бошкоски засега тој си ги чува само за себе. Дали целосно ќе се повлече од политиката или повторно ќе се врати со нови идеји? Она што е познато и што го најавил е дека по излегување од Идризово, најпрво ќе замине во родното Челопек. Политичката кариера Љубе Бошкоски е роден на 24 октомври 1960 година во тетовското село Челопек. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1985 година. По парламентарните избори во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ, Бошкоски бил именуван за заменик на директорот на ДБК. Во 2001 година во широката владина коалиција беше назначен за министер за внатрешни работи. По парламентарните избори на 15 септември 2002 година, стана  пратеник во Собранието. А, на претседателски избори во 2009 година Бошкоски се кандидараше  како независен кандидат и освои околу 146.000  гласови. Потоа тој формираше своја партија „Обединети за Македонија“. На Парламентарните избори во 2011 година, освои 1,52% од гласовите, со што тој не успеал да стане пратеник. М.Ј.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа