„Љубљанска банка“ ќе стане сукцесиско прашање
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2013 13:35
Иако шефовите на дипломатиите не сакаат да ги откријат деталите од договорената рамка за решавање на долгодишниот хрватско-словенечки спор околу „Љубљанска банка“ и нејзините стари штедачи, се поизвесно е дека проблемот ќе се решава во рамки на сукцесијата.
Банката за меѓународно порамнување во Базел ќе даде простор и администрација, а во разговорот за сукцесијата нема да се вклучат сите држави наследнички, туку само Хрватска и Словенија, пренесува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.
Учесниците на неодамнешниот разговор во Оточац на Крка, шефовите на дипломатиите на Хрватска и Словенија Весна Пусиќ и Карл Ерјавец, „молчат“ за деталите од договорот, додека повеќе неофицијални извори потврдуваат дека „ нема збор за порамнување“ туку дека станува збор за „решение што било на масатата“, односно за кое веќе се разговарало во некаква форма.
Првиот чекор во решавањето на проблемот била одлуката во врска со тужбите кои хрватските банки ги покренаа против „Љубљанска банка“.
На словенечката страна во спорот ништо друго, освен повлекување на тужбите, не и е доволно, укажува весникот и додава дека Пусиќ пред членовите на саборските одбори, говорејќи за решението, го одбегнувала зборот „повлекување“, користејќи други термини, како на пример, „ да се стави на страна“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





