18 Декември, 2025
0.0509

Љубовта на прв поглед најмногу возбудува

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2016 08:43

Добивај вести на Viber

Сосема вообичаен почеток на денот. Сончево и ведро , ништо ново со оглед на годишното време. Колегите позиционирани на своите работни места и јас на работна задача, теренска. Ќе треба да го тестирам  новото Форд Мондео. Јас ниту сум професионален шофер, ниту сум експерт за возни карактеристики на машините на четири тркала што живот значат. Моето  разбирање за автомобили е на ниво  на  класичен конзумент на овој производ. Но и токму тоа се бараше од мене, и токму затоа ја добив оваа задача. Експертите веќе го кажаа своето мислење. Јас треба да бидам тестаторот  кој ќе одговори, како потенцијален купувач, бизнис ориентиран реагира на  првата средба со новото Форд  Мондео. Место на настанот е Ми-Да Гранд Моторс. Возилото е спремно и подготвено да покаже се што знае и умее. Мислам дека има сериозна задача пред себе. Ќе мора да ги оправда очекувањата. Не е едноставно да го носиш приматот возило на годината. _DSC0036Седнувам во „моето“ темно сиво, металик Форд Мондео. Вистински домаќин. Љубезен, конфорен и дарежлив. Се што има веднаш ти сервира, за да во исто време сите сетила можат да ги восприемат убавините. За убавината се вели дека не се дискутира. Таа е лична перцепција на поединецот. Но за љубовта на прв поглед никој не смее да коментира. Таа се случува. Или ќе светне или не. Кај мене се случи, ме освои. Но како и во животот, тоа не е доволно. Затоа што знам што сакам , знам дека не се живее само од убавина, барам квалитет, предиспозиции, и во случајов однос на квалитет и цена. Со други зборови сакам да ја предизвикам неговата внатрешна убавина. А, ако таа ме освои, тоа е тоа , утка нема . Но , веднаш штом го стартирав, разбрав за што станува збор, а  после првата кривина веќе дознав  зошто ова возило е посебно, зошто ова возило не те остава рамнодушен и зошто токму ова возило е прогласено за возило на годината. _DSC0017Интелегентните предни  LED светла, системот за детекција на пешаци кој открива луѓе на или близу патеката на движење, како и перформансите на моторот, зачинети со ниската потрошувачка создаваат динамика на возење кое предизвикува чувство дека контролата врз возилото го имате Вие, а се друго е негово. Додека сте во него, Вие ги ползувате придобивките на најновата технологија и му се радувате на времето поминато со сите оние кои ви се драги додека се возите од една до друга дестинација. Технологијата која паркирањето го прави вистинска ументост, напредниот систем на гласовни команди кој може да  ги прочита дури и вашите SMS пораки, додатната заштита на патниците, како и напредната филтрација на воздухот се само технолошки иновации плус, кои потврдуваат дека новиот Форд Мондео не е само убав. _DSC0033 Еден час траеше задоволството. И толку. Повеќе друг пат  или повелете, возилото може да биде и ваше, ми одговорија од „Ми-Да Гранд Моторс“. Што треба, кои се условите под кој можам да ги зачувам за себе клучовите од овој „лепотан“, е прашањето кое природно се наметна, после средбата на прв поглед? Сите опции се отворени, може на кредит, може и во готово, а може и на лизинг. За 25 илјади евра добивата перфектен автомобил и уште што е побитно исклучителен однос на квалитет со цена, ќе ви кажат љубезните домаќини. И навистина, ваквите квалитетни ценовни перформанси  го создаваат чувството  дека со самото купување на новото Форд Мондео заработката е уште поголема. Впрочем дури после мојата средба со новото Форд Мондео, го разбрав и слоганот зошто „Најдобрите бонуси не доаѓаат во плико“. _DSC0029 А се’ мислев дека ќе биде, само еден вообичаен работен ден. Ми останува уште средбата со  сопругата, да поразговарам на дадената тема. Е ако го поминам и овој филтер, навистина денот ќе биде комплетно посебен. Да не заборавам, во ракав го имам џокерот од 15 % попуст. Александар Манев

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа