29 Септември, 2024
0.0230

Луѓето нема да се откажат од автомобилите

Објавено во: Анализа 18 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Луѓето сакаат автомобили и покрај еколошките и сообраќај предизвиците финансиите остануваат најзначајните фактори при поседувањето и нивната употреба, покажа истражувањето на меѓународниот технолошки провајдер за автомобилската индустрија Continental. Според резултатите од спроведеното истражување во САД, Германија, Франција, Јапонија и Кина цели 97% од испитаниците гледаат на возењето како удобна навика, а 93% уживаат во него. Многу малку луѓе се чувствуваат виновни, а само 7% гледаат на возењето како неразумна навика. Желбата за поседување на автомобил или задоволството во возењето не се зависни од возраста или живеалиштето. За 85% од младите до 30 годишна возраст поседувањето на автомобил се уште е приоритет. Еден од секои двајца урбани жители сметаат дека поседување на автомобил е важно а 69% го сакаат возењето, исто толку колку и оние што живеат надвор од градовите. "Возењето е, и ќе остане, главно движено од емоции и помалку од разум. Поголем број на луѓе го сакаат возењето и не сакаат да се разделат со автомобилот при секојдневно патување. Ние исто така не очекуваме значително намалување на личната употреба на возилата на среден рок. ", Истакнува претседателот на Извршниот одбор на Continental д-р Елмар Дегенхарт. Решението за стекнување на возачка дозвола како начин за влегување во светот на индивидуалната мобилност продолжува да зависи од финансиските можности, како и поседувањето на автомобил. За 2/3 од луѓето под 30 годишна возраст финансиските трошоци се на прво место при одлучување. Речиси ист процент од жителите над 30 годишна возраст, но со возачка дозвола, кои не поседуваат автомобил, ги ставаат финансиите како главна причина за поседување на автомобил. Поголемиот дел од автомобилите (83%) се лична сопственост и само еден процент користат услуги за споделување, а возачите надвор од градовите преферираат да ги користат автомобилите секојдневно, и покрај зголемениот сообраќај. Таканаречената "паметен телефон" генерација придава значење на динамиката на возилото, неговиот имиџ и удобност, тврди студијата. Во Германија на пример само 35% од младите на возраст до 25 години би сакале помал автомобил со цел заштита на животната средина. Па не е чудно што поголемиот дел од учесниците во анкетата го сметаат имиџот на автомобилот за најважен - 59% сметаат дека треба да поседуваат автомобил, кој е сакан и од другите. Општо земено, возачите во Германија, вклучувајќи ги и постарите, се отворени кон нови технологии и многу од нив се потпираат на автоматизираните функции за да им помагаат при возење. На пример, повеќе од 2/3 од возачите сакаат да користат автоматизирано возење при опасни ситуации или монотони транзиции. Мнозинството возачи - 72%, бараат подобрена сообраќајна контрола преку размена на податоци, снимање на случувањата при возење ги интересира 69%, а планирањето на одржување на автомобилот засновано на реални податоци е претпочитано од 63%. Во исто време технологиите и услугите за следење на возењето не им се допадна на возачите - во моментов само 37% од учесниците во анкетата би дозволиле следење или снимање на стилот на возење од системи во возилото со цел намалување на осигурителната премијата. Главната причина за овој феномен е заштитата на податоците, покажува информацијата. За иднината на автомобилите Дегенхарт предвидува: "За да се подобри атрактивноста на возилата треба да има развој во однос на нивната "интелигенција"- не на нивната форма на сопственост или маркетинг. Дигитализација и автоматизацијата се основата на целокупното информатичко управување на возилото и помош на возачите при се повеќе растечкиот патен сообраќај. Во оваа област е главниот потенцијал за интелигентно редефинирање на индивидуалната мобилност. " K.K.