ЛУЃЕТО МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ САМО ВО ИТНИ СЛУЧАИ: Пола Италија е во строг карантин
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Март, 2021
Пола Италија од денеска оди во строг карантин. Новите ограничувања стапија на сила во девет региони - вклучувајќи го и Лацио, каде што се наоѓа Рим и Ломбардија со Милано.
Во црвена зона се Венето и Емилија Ромања. Училиштата и рестораните се затворени, а луѓето во овие области можат да излезат од дома само за да купат храна, во итни случаи или кога одат на работа. Ова не важи на островот Сардинија. Таму нема скоро никакви ограничувања. Сите други региони се или во портокалова или во црвена зона, во кои се опфатени околу 40 милиони граѓани. Италија неодамна стана втора земја во Европа, по Британија, која пријави повеќе од 100.000 починати. За Велигден земјата ќе биде затворена. Премиерот Марио Драги одлучи црвената зона da важи за целата земја од 3 до 5 април.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.