21 Јуни, 2024
0.0326

ЛУЃЕТО НИ КАЖУВААТ ДЕКА ИМАЛЕ ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО СДСМ - Венко Филипче кажа кои биле досега слабостите на партијата

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

„Сметам дека оваа организациска поставеност на партијата го дала својот максимум во некои минати времиња. Луѓето бараат нешто ново. Младите бараат нешто ново, не бараат ригидна партиска структура во којашто ќе слушнат наредба во која не учествувале. Сакаат да дадат свој придонес. А ќе дадат свој придонес кога ќе може да комуницираат на соодветен начин и соодветно ќе бидат вклучени и вреднувани“, - истакна Венко Филипче на првата од осумте партиски трибини во рамки на кампањата на СДСМ за избор на претседател.

Тој рече дека е овој модел на организација мора да се менува со цел да се прилагоди на потребите и начините на комуникација на луѓето во денешно време, но и да се обезбеди поголема и постојана вклученост на членовите. Филипче смета дека е потребно основата на политиките и одлуките да доаѓаат од најниско кон највисоко ниво, каде на база на реалните потреби на граѓаните понатаму ќе обликуваат решенијата.

„Најголемиот проблем со којшто се соочивме изминатиот период и кое луѓето најдиректно ни го кажуваат е дека имале затворени врати. Едноставно не можеле да си ги кажат ни барањата, ни потребите и идеите. И што прават луѓето? Нормално се повлекуваат. Така да ако се отвори партијата, ако се симне структурата кон општинските организации каде што ќе се градат политиките и после тоа дојдат до централното ниво каде што понатаму ќе се дообликуваат е вистинскиот пристап. Само така ќе можеме да кажеме дека сме креирале политики согласно реалните потреби на луѓето. -  рече Филипче.

МИА

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ГРЦИЈА: еве колку се чека на граничните премини кон соседите - викендаши или на одмор?

МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ГРЦИЈА: еве колку се чека на граничните премини кон соседите - викендаши или на одмор?

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: еве кои струки се меѓу топ петте плати во земјава

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: еве кои струки се меѓу топ петте плати во земјава

МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВО ПОРТОКАЛОВО: времето и во текот на продолжениот викенд многу топло и спарно

МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВО ПОРТОКАЛОВО: времето и во текот на продолжениот викенд многу топло и спарно

„ЈАС НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ ТАКА“ - еве што објави Груевски по изјавата на Ципрас за промената на името

„ЈАС НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ ТАКА“ - еве што објави Груевски по изјавата на Ципрас за промената на името

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски го прифаќа предизвикот на Мицотакис за соочување на НАТО самитот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски го прифаќа предизвикот на Мицотакис за соочување на НАТО самитот

НИКОЛОСКИ: EУ има многу механизми со кои може да ја натера Бугарија да го повлече ветото

НИКОЛОСКИ: EУ има многу механизми со кои може да ја натера Бугарија да го повлече ветото

ВИСОКО ЗАГАДЕН ВОЗДУХOT ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Дали е ова поради прашината од Сахара?

ВИСОКО ЗАГАДЕН ВОЗДУХOT ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Дали е ова поради прашината од Сахара?

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО АГЕЛЕР: Пристапниот процес не смее да трпи политички притисоци од други земји членки

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО АГЕЛЕР: Пристапниот процес не смее да трпи политички притисоци од други земји членки

НАЈЧЕВСКА: Секој народ има власт каква што си ја заслужува

НАЈЧЕВСКА: Секој народ има власт каква што си ја заслужува