ЦЕЛА ЕВРОПА „ГОРИ“: Турција руши рекорди, Грција имплементираше мерки, а Македонија во портокалова фаза

Објавено во: Македонија, Балкан 19 Јуни, 2024 08:00
Заради маса топол воздух која се движи над Северна Африка и централниот Медитеран кон исток, метеоролозите до петок предвидуваат дека температурите ќе се искачат до 45 степени.
Врвот на топлотниот бран се очекува во денес и утре, а температурите треба да опаднат за време на викендот. Колку е опасна ситуацијата по здравјето покажува и фактот што од вторник училиштата во делови на Грција ќе бидат затворени во 11:30 часот или воопшто нема да работат доколку локалните општини решат дека жештините се пресилни. Грчкото Министерство за труд ги повика луѓето од јавниот и приватниот сектор да работат од дома доколку е можно.
За многубројните туристи кои моментално се во Атина, грчкиот Црвен крст постави штандови на централниот плоштад Синтагма и на Акропол, каде што се дели бесплатна вода. На луѓето им се препорачува да избегнуваат излегување надвор во топлите попладневни часови, да пијат многу вода, да избегнуваат алкохол, да не јадат премногу и да избегнуваат енергично вежбање на отворено.
Турската метеоролошка служба предупреди и на топлотен бран, кој особено ќе го зафати западниот дел од земјата, каде се очекуваат температури од околу 45 степени.
Жештините нема да ја заобиколат и Македонија, каде од денес има топлотен бран и портокалова фаза.
Владата на седница донесе одлука со која препорача ослободување од работа на бремените жени и на постарите лица над 60 години.
Можеби ќе ве интересира
ВИКЕНДАШИТЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Гужва на Богородица и Табановце

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста
