28 Септември, 2024
0.0481

МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ГРЦИЈА: еве колку се чека на граничните премини кон соседите - викендаши или на одмор?

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Долги редици уште пред мугри се создадени на граничниот премин „Богородица“. Голем број од нашите сограѓани навалија кон Грција, поради што колона возила според сознанијата на Фактор има/ло се до бензиската станица на „Макпетрол“, па дури и после неа. 

Сведоци за Фактор посочуваат дека само за излез од државата се чекаа 45 до 50 минути. Дополнително, посочуваат гужви има и после преминот на македонската граница, каде исто така има долги колони за влез во соседна Грција. 

Покрај автомобили, на граничните премини се создаваат колони и од автобуси и каминони, за кои има посебни ленти, но сепак, и кај нив има долги колони за чекање.

Проценките се дека исто така и за влез кај соседите се чека грубо околу 50 минути. 

Меѓу возилата кои чекале дури и 50 минути за излез од Македонија имало најмногу со регистарски таблици од нашата земја, но секако меѓу нив и со странски табилици, најмногу од соседна Србија. 


Сосема очекувано е летниот период да има поголем број патници кои се упатуваат кон соседна Грција. Летните одмори се започнати, на јужната граница деновиве има поголем застој, но денешниот поради празникот во Македонија е подолг од вообичаените периоди за чекање за влез кај соседите. 


Сите кои патуваат кон Грција или планираат да патуваат препорачуваме да се „наоружаат“ со трпение поради гужвите на граничниот премин. 

На другите граници според камерите на Јавното претпријатие за државни патишта, подолга колона повторно има на граничниот премин кон Грција, поточно на „Меџитлија“. 

Што се однесува пак до граичните премини кон соседна Срабија, Албанија и Бугарија нема поголем застој и долги колони за чекање. 

Фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија