Луѓето во Северна Кореја не знаат за Божиќ?
Објавено во: Свет 25 Декември, 2017
Жителите на Северна Кореја за Дедо Мраз скоро и да не слушнале. Тамошната влада работи на спречување на влез на било какви информации за Божиќ, поради што многу граѓани на Северна Кореја воопшто не знаат дека тој празник постои.
Канг Јимин, човек кој пораснал во Пјогјанг, главниот град на Северна Кореја вели дека до бегството не знаел што е Божиќ.
„Тоа е празник на раѓањето на Исус, но Северна Кореја е комунистичка држава и луѓето не знаат кој е тој. Тие не знаат ни кој е Бог. Семејството Ким е нивниот бог"- додал тој.
Меѓутоа, како што пренесува Independent, украсени елки може да се најдат во Пјонгјанг, и тие таму се наоѓаат во текот на целата година, па луѓето не се свесни за нивното празнично значење. Сепак, тоа не значи дека севернокорејската влада ја одобрила кулата во облик на елка, која Јужна Кореја ја изградила на границата.