Лукаревска: Демантирам дека тестирањето за коронавирус сум го направила пред посета на Куманово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска ги демантира дезинформациите кои излегоа во јавност дека тестирањето за коронавирус го направила пред вчерашната теренска посета во Куманово.
„Резултатите од епидемиолошката анкета од другарот Мухамед ги добивме вчера вечер (недела, 31 мај), по што бев тестирана пред 20:00 часот. Од моментот кога ме контактираа епидемиолозите не сум го напуштила својот дом. Притоа, во текот на денешниот ден ги очекувавме и резултатите од моите родители, кои денеска дознавме дека се негативни. Грижата за нив, како повозрасни лица кои се во ризична група е стрес кој секоја ќерка го чувствува за своите родители. Исто така сакам да истакнам дека во секој момент од посетата во Куманово ги почитував сите заштитни мерки. Сакам едно нешто да биде јасно - прво како човек, а потоа како јавен функционер никогаш на никој не би го загрозила јавното здравје. Апелирам до секој добронамерен граѓанин, да не правиме сензационализам од состојбата на нечие човечко здравје. Независно од сѐ, луѓе сме пред сѐ. Се надевам дека мојата ситуација ќе биде поука за понатаму. Ширење паника и дезинформации, особено во време на криза, е опасно и основа за стигматизација во едно општество. Вирусот е тука, сите може да бидеме изложени. Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себе и сите околу нас. Најважно од сѐ - да кажуваме точни и навремени информации, да бидеме искрени со лекарите затоа што тоа е најголемиот акт на општествена одговорност. Коронаворусот е тука, со него ќе живееме долго време. Да си помагаме, да се поддржуваме, заедно ќе надминеме“, пишува Лукаревска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.