Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2024
Поранешната директорка на УЈП и аменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, во своето интервју за ТВ Алсат рече дека примери како играњето на фамозното „фудбалче“ на министрите на ДУИ во кабинетот на тогашниот вицепремиер Артан Груби влијаеле негативно на рејтингот на нејузината партија.
Овие коментари Лукаревска ги даде во интервју за Алсат, еден ден по Конгресот на СДСМ на кој беа формирани органите на партијата.
„Во јавното мислење се создаде впечаток дека се дозволени одредени политики на ДУИ, нашиот поранешен коалиционен партнер и нивното однесување, што денеска ни се удира од глава, она играње фудбал, оние други процесите коишто одеа позитивно на контото на ДУИ, но го намалуваа рејтингот на СДСМ. Ако имате мнозинство кое е секогаш на граница, често го доведувате во ситуација да мора да се спроведат и тие погрешни политики, така мислеа тогаш претставниците во власта. Многумина ни замеруваа и за Кривичниот законик. Капак на сѐ беше оние скандирања, што ги слушнавме во кампањата, потоа имаше и надмудрувања, дали имаме кекси, млеко, бисквити. Во целиот тој процес СДСМ беше колатерална штета“, рече Лукаревска.
Според Лукаревска, на новиот партиски лидер Венко Филипче треба да му се даде можност и време да ги креира своите политики и не верува дека поранешниот премиер Зоран Заев сѐ уште има моќ над партијата.
„Не би го сфатил како каква било порака или прифаќање дека поранешното раководство не е дел од новото раководство. Напротив, имаме многу раководители на општински организации кои се дел од централното раководство. Дел од ова раководство сега беше дел од победата на изборите во 2020 година“, рече пратеничката.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.