Лукашенко: Кој не сака да работи ќе треба да плати 300 евра
Објавено во: Свет 10 Април, 2015 12:19
За да ги мотивира своите луѓе, побрзо да најдат работа, Лукашенко го потпиша указот за „спречување на социјална зависност“, пишува „Moscow Times“.
Александар Лукашенко вовел „данок на невработеност“ во износ од 300 евра за секој кој е невработен подолго од шест месеци.
Целта на оваа мерка е да ги поттикне луѓето да се вклучат во работните активности и на тој начин да учествуваат во финансирањето на државните расходи.
Документот пропишува дека граѓаните, странските државјани и лицата без државјанство со постојан престој во Белорусија, кои не учествуваат во финансирањето на јавната потрошувачка или во нејзината потрошуваќка учествуваат помалку од 183 календарски дена за време на пресметката на данчониот приход (фискална година) се обврзани да платат 300 евра.
Воведувајќи го законот за „данок на невработеност“, Лукашенко го враќа терминот „социјален паразитизам“ од социјализмот, а се со цел да се казнат оние кои не сакаат да работат.
Од овој данок се ослободени младите под 18 години, работно неспособните, инвалидите, жените над 55 и мажите над 60 години.
Противниците на ваквата одлука собираат потписи, сметајќи дека државата треба да им обезбеди услови за работа, а не да ги тера на принудна работа која, како што сметаат може да ја нареди само суд.
Белорусија се бореше да пронајде доволно работници за да ги пополни работните места, а колкав проблем имаше со помалку вработени, покажува фактот дека во 2012 година воведоа мерки во некои сектори, каде не му се дозволува на работникот да го напушти своето работно место.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




