19 Декември, 2025
0.0542

„ЛУКОИЛ“ Македонија со нова бензинска станица во Радовиш

Објавено во: Економија 20 Март, 2016 13:07

Добивај вести на Viber

„ЛУКОИЛ“ - Македонија вчера ја отвори новата, 28-та по ред бензинска станица во Македонија. Бензинската станица во Радовиш покрај околните бензинските станици на „ЛУКОИЛ“ во Велес, Штип, Кочани, Струмица и во Гевгелија, ќе ги опслужуваат граѓаните што гравитираат во овој регион  со квалитетни масла и горива, како и високо-професионални услуги од персоналот.  На отворањето присуствуваа Г. Андреј М. Куку, Генерален директор на „ЛУКОИЛ“ Македонија, Амбасадорот на Руската Федерација Г. Олег Николаевич Шчербак, градоначалникот на Општина Радовиш Г.Сашко Николов, свештенослужители и многу граѓани, новинари и членови на локалната заедница.  Радовиш е втор по големина град во југоисточниот регион на Македонија, чија главна врска со градот претставува магистралниот пат М6 Штип - Радовиш - Струмица. На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да ги купат потребните производи од широкиот асортиман, да наточат течен нафтен гас, да се снабдат со ЛУКОИЛ масла, како и да наточат од горивото „ЕКТО“, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото да има побрз старт, а намалена потрошувачка на гориво. Бензинската станица се наоѓа на булеварот Александар Македонски бр. 1, се простира на 2.500 м2 и е повеќенаменски комплекс со маркет, паркинг за лесни моторни возила и други поволности, што на граѓаните на Радовиш и околните 35 населени места, ќе им понуди дополнителна вредност во насока на зголемување на квалитетот на услуги што ги добиваат, користење на нови технологии за заштита на животната средина и зголемување на енергетската стабилност на околината. benz3 „Горди сме што успеавме да ја отвориме 28 бензинска станица на „ЛУКОИЛ“ Македонија и да му обезбедиме на локалното население најефикасна и најквалитетна услуга. И оваа бензинска станица како и останатите ќе ги следи светските трендови, новите критериуми и ќе нуди поквалитетни горива и ниво на услуги за да им овозможиме врвно искуство на нашите потрошувачи од Радовиш и околината“ - изјави Андреј М. Куку, Генерален директор на „ЛУКОИЛ“ Македонија. „ЛУКОИЛ“ е присутен на македонскиот пазар веќе десет години и претставува една од 10 најголеми странски инвеститори во земјава, со вложени повеќе од 45,98 милиони евра во македонскиот енергетски сектор и пласирано над 1 милион тони нафтени деривати на македонскиот пазар. Во рамките на глобалната групација, „ЛУКОИЛ“ Македонија беше прогласена за најдобро претпријатие надвор од границите на Русија дури два пати досега, што претставува уште еден доказ дека таа е вистински синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, но и пошироко. benz1    

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?