06 Декември, 2025
0.0630

ЛУКСУЗ: Еден човек го купил цел последен кат од првата кула на Џевахир во Скопје?

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2014 14:12

Добивај вести на Viber

Еден купувач ги купил сите стана на највиокиот кат во едната од двете кули на Џевахир Скај Сити кои се во поодмината фаза на градба, откри раководството на турската компанија, која ги гради највисоките облакодери во Македонија. Името на купувачот засега не се открива, но тој ги купил сите луксузни апартмани на последниот 42-от кат во едната зграда. Од компанијата денеска информираа дека досега е договорена продажба на 60-тина стана во облакодерите. Според Есер Џевахир, член на Управниот одбор на Џевахир Холдинг, овој резултат задоволува за фаза на градба, а уште поголем интерес се очекува откако кулите ќе бидат во завршна фаза. „Џевахир Скај Сити комплексот ќе понуди концепт на модерен живот без ограничувања, со сите неопходности што ги има едно семејство, млади брачни парови или самци. Покрај удобноста, гарантирана е и безбедноста. При градењето на Џевахир Скај Сити комплексот ги користиме најдобрите материјали и технологии“, увери Џевахир. Од комплексот веќе се поставени темелите и интензивно се гради третата висококатница, додека наскоро треба да започне изградбата и на четвртата кула. И овие две, како и првите две згради, ќе бидат високи по 130 метри и уште 32 метри под земја за подземни гаражи и темелни столбови. Во затворениот комплекс, покрај станбениот дел се предвидени и допполнители содржини - трговски центар, фитнес сали, три покриени базени, турски бањи, сауни, детски игралишта, сквош и пинг понг игралишта... Почетната цена на становите е 1.100 евра за квадрат, но за луксузните апартмани на врвот таа е неколкупати повисока.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија