29 Септември, 2024
0.0319

Луксузен данок за имот во луксуз

Објавено во: Анализа 27 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Британците плаќаат највисоки даноци на недвижен имот, ако се разгледа нивното учество од вкупниот обем на даночни приходи, покажа истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според извештајот 11,9% од сите даноци платени во земјата во 2012 година, се давачки за имот. Така 1 од секои 8 фунти, платени за даноци на Островот, е поради станови и деловни згради.

Тука влегуваат различни даноци и такси наметнати врз имотот - данок за наследство, општински и бизнис такси.

ОЕЦД анализирала податоци за 34 претежно богати држави, од Јапонија до САД. Во нив во просек 1 фунта од секои 18 фунти, платени за даноци, е за имот.

Велика Британија ја следат САД и Канада, каде имотните даноци формираат 11,8% и 10,6% од сите даночни приходи. На другиот крај на скалата пак Естонија (1%), Австрија (1,3%) и Чешка и Мексико (1,5%).

Приходи од имотни даноци како дел од вкупните даночни приходи во 2012 година:

danok na imot Британските даночни обврзници ги плаќаат исто така и највисоките даноци на имот како дел од бруто домашниот производ на земјата, покажува студијата.

Имотните даноци на Островот се еднакви на 4% од БДП во однос на просекот од 1,8% во 34-те држави и само 1% во Германија, Шведска и Чиле.

Податоците покажуваат уште дека британската влада примила близу 65 милијарди фунти од даноци на недвижности во 2012 година, што е зголемување од 6 милијарди фунти за само три години.

Податоците веројатно ќе извршат притисок врз Лабуристичката партија, која планира воведување "данок палата", кој предвидува дополнителен должност за сместување во вредност од над 2 милиони фунти.

K.K.