Macedonia Timeless укинато уште пред три години, за ребрендирањето ќе се чека нов владин мандат
Објавено во: Економија 07 Јули, 2020
Новото туристичко лого со кое Македонија требаше да се ребрендира до крајот на изминатата година, се уште не е завршено, додека новите промотивни кампањи кои подолго време се најавуваат ќе чекаат нов владин мандат.
Нови брошури, нов промотивен материјал, нови спотови за саеми кои требаше да му дадат ново освежување на македонскиот туристички потенцијал ќе почекаат по избори, a кампањата Macedonia Timeless е укината како бренд уште во 2017.
Засега за туристичките места во земјата на кои гостите можат да се информираат е преку доменот northmacedonia-timeless.com се додека се одлучува за нов слоган со кој ќе се промовира земјата во другите држави согласно стратегијата за ребрендирање која се уште ја нема донесено Министерството за економија, од каде што велат дека тоа останува приоритет во следниот мандат.
„Согласно Програмата за развој на туризмот за 2020 година, Министерството за економија имаше предвидено активност за Подготовка на “БРЕНД СТРАТЕГИЈА“ за туризмот. Имајќи ја предвид настанатата ситуација, сите активности предвидени во програмата Министерството за економија ги насочи во делот на поддршка на туристичкиот сектор во насока на предлагање на мерки за помош на туристичко/угостителското стопанство во делот на задржување на што поголем број на вработени во овие сектори, предлагање на конретни мерки за определување од Ковид 19, кризата како и активности за помош на најпогодените гранки со цел намалување на последиците од Пандемијата со Корона вирусот.
Брендирањето на Република Северна Македонија и подготовката на Бренд Стратегија, останува преоритет на Министерството за економија и е предвидена во мерките за определување од Корона кризата, но истата сметаме дека поради настатата ситуација ќе се разликува од досегашните Стратегии. Ова е од причина што според укажувањата на сите светски институции, Туризмот нема да биде ист како во минатото. Мораме да бидеме во тренд со промените и да ги следиме светските трендови. Затоа наредната Стратегија за Брендирање на нашата земја ќе ја изготвиме во соработка со Светска Туристичка Организација каде што сме членки како земја и се надеваме дека со новата Стратегија ќе помогнеме Република Северна Македонија да биде пожелна туристичка дестинација посетена како од странци така и од домашни туристи “, гласи одговорот од Министерството за економија.
Претседателот на Туристичко угостителската комора при Сoјузот на стопански комори, Владимир Граматиков, смета дека токму во овој момент на секторот му е потребна меѓународна промоција, која долгорочно треба да донесе дополнителен бенефит за туризмот и угостителството.
- Мислам дека туристичката сезона се уште може да се спаси колку-толку, а за тоа пред се треба да се стекне довербата кај големите тур-оператори. Не мора да одиме подалеку. Хрватска и Црна Гора веќе се промовираат како безбедна дестинација и ги промовираат нивните протоколи како безбедни во странство. Ние имавме кампања „Дома си е дома“ која можевме да ја видиме само еден ден во медиумите и потоа исчезна.Споредено со претходните години, средината на Јули е веке шпицот на сезоната, што значи дека време за чекање нема и мора да се делува веднаш. Иако во овој период не се одржуваат саеми, дефинитивно недостасува добра кампања која ќе ја замени старата, вели Граматиков.
Агенцијата за промоција и поддршка вели дека е подготвена да ги започне сите проекти штом се замени досегашниот слоган Macedonia Timeless, иако тоа до сега требаше да се реализира бидејќи било предвидено со годишниот план за 2019 на Министерството за економија.
„АППТ во соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка-SDC, се во финална фаза на подготовка на кампања за промоција на домашниот туризам во Република Северна Македонија под насловот „Дома си е дома“ на која се приклучи и Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија. Како продолжување на кампањата е предвидено да се приклучи и Светска Банка со која ќе се работи на поопширно мапирање и анализирање на туристичката индустрија и таргет групите, работа од која би требало како финален производ да произлезе нова стратегија за ребрендирање, која ќе се надоврзе на проектот „Дома си е дома“. Овој проект е предвидено да почне со промоција на домашните туристички потенцијали пред домашните потенцијални туристи, а подоцна да се прошири регионално, согласно препораките за заштита и превенција од Корона вирусот“, ни рекоа од Агенцијата.
Александар Кузмановски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.