27 Април, 2024
0.0283

МАГИЈАТА НА БОЖИЌНИОТ ПАЗАР ВО ШТУТГАРД МАМИ БРОЈНИ ПОСЕТИТЕЛИ: Еве дел од атмосферата во која уживаат голем број граѓани

Објавено во: Стил 20 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Детски играчки, уникатни божиќни украси, лампиони, греано вино, но и разноврсна храна се само мал дел од понудите кои се среќаваат на божиќниот пазар во Штутгард. Распослан во централното градско подрачје, во самата пешачка зона божиќниот пазар привлекува огромен број посетители.

Факт е дека божиќните пазари се широко рапространети низ Европа, и низ Германија и ги има скоро во секое поголемо градче, но дел од нив привлекуваат многу повеќе посетители, како од земјта така и од странство.

Божиќниот пазар во Штутгарт привлекува бројни луѓе од целиот свет, а покрај Штутгард посетители има и на божиќниот маркт во Еслинген, помало градче во негова близина.

Низ улиците во двата града секојдневно може да се забележат бројни посетители, кои во попладневните часови се во поголем број.

Улиците се особено исполнети за викенд, кога е скоро невозможно и да се разминете со другите посетители низ тезгите.

Во духот на Божиќ, заедништво и размена, луѓе од целиот свет се собираат на божиќните пазари. Посетителите ги фотографираат украсените штандови на секој агол.

Иако цените на годинешните паари се зголемени, тоа воопшто не е пречка граѓани од секоја возраст да ги посетат пазарите. Низ тезгите може да се забележат и млади лица меѓу кои и средношколци, но и повозрасни пензионери кои уживаат во новогодишната понуда, а секако и сите останати генерации.

Цената на позатото греано вино почнува од 4 евра, но со чаша чини од 7,5 евра нагоре, а ако корисникот ја врати чашата добива поврат на средствата за „изнајмување“. 

Препознатливите сендвичи со колбаси исто така се движат околу пет евра, за истата цена се добива и мало пакување помфрит.

Вафлите, палачинките и други слатки деликатеси збогатени со нутела исто така се продаваат по цена од пет евра, но на препознталивите унгарски слатки почетна цена им е 6 евра. 

Божиќниот пазар во Еслинген има посебен дел кој е наменет за децата, каде може да уживаат во разни „спортски“ активнсоти како што се фралање стрели, фрлање ножеви, „ловење рипчиња“, возење на средновековна вртелешка... сите осмислени во стилот на средновековието.



Овој маркт е препознатлив меѓу населението од околината токму поради понудата на интересни производи или пак настапи на изведувачи кои имитираат периоди од минатото.


Покрај посетители од околните градови и во Еслинген и во Штутгард може да се забележат и бројни странци кои доаѓаат токму со цел да уживаат во понудата на божиќните пазари, да уживаат во греано вино и во препознатливиот германски „вурст“ или пак храна од дивеч.

Секако меѓу тезгите се наоѓа пребогата понуда од интересни украси и разни понди на благи колачиња, чоколадциња, медени срциња...

П.О. 

Фото: Фактор



Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти