Магистралниот гасовод делница Клечовце-Штип однесе 75 милиони долари
Објавено во: Економија 29 Јули, 2016 19:09
75 милиони долари вреди магистралниот гасовод делница Клечовце - Штип чија изградба според денешните најави на надлежните е завршена.
Овој гасовод е долг 61 километар.
Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Костадин Берсењев од Амбасадата на Русија, кој е вршител на должност на работа за Русија во РМ, Михаил Хрјаков, генерален директор на Строј Трансгас од Москва и Крсте Миладинов, генерален директор на МЕР АД Скопје беше дел од присутните на свеченото одбележување на овој проект.
Со изградбата на оваа делница се овозможува забрзано ширење на целата гасоводна мрежа низ сите поголеми места низ државата, истакна Димитриев.
Веќе следниот месец, според зборовите на надлежните ќе почне изградбата на трасите Штип-Радовиш-Струмица-Гевгелија, додека паралено со трасата Штип-Неготино-Кавадарци во септември оваа година планирано е да почнат да се градат уште два крака од гасоводот и тоа трасата Кавадарци-Неготино-Прилеп до Битола, како и трасата Скопје-Тетово-Гостивар.
Вкупната должина на овие гасоводи е околу 210 километри и ќе чинат околу 90 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




