18 Декември, 2025
0.0492

МАЈКА ОД БЕЛГРАД СО СИНОТ НА ОДМОР ВО ХРВАТСКА, ДОБИЛ ТЕШКИ БОЛКИ: Немала осигурување, реакцијата на докторот „врв“

Објавено во: Балкан 16 Август, 2023 21:29

Добивај вести на Viber

Белграѓанка видно е изненадена од помошта која ја добила за време на одморот во Хрватска. Таа и нејзиниот син (11) заминале на одмор во Хрватска. Поточно отишле кај роднините во Книн и оттаму секој ден оделе на Јадранот.

Марија вели дека решиле да одат на море во август, и истакнува дека се било прекрасно, нејзиниот син пливал секој ден, а најмногу нуркал. Ништо, вели, не навестувало дека ќе се случи нешто лошо, пишува „Мондо.рс“.

"Едно утро син ми се разбуди и се пожали на силна болка во увото. Помислив дека причината е сигурно некоја инфекција на увото затоа што нуркаше без престан", вели Марија.

Решила бидејќи нема осигурување, да оди во локална клиника и да побара антибиотик. Таму наишла на одбивање и ја упатиле во поголема здравствена установа.

Таа во објавата посочила дека најблиската приватна здравствена установа е дури во Шибеник, кој е на добри 30 до 45 минути возење од Книн.

Бидејќи тоа и било далеку, решила да си ја проба среќата во државниот здравствен дом во Книн. Тоа е, вели таа, единствениот здравствен дом во Книн што е на неколку минути пешачење.

„Веднаш отидов во Здравствениот дом со син ми, а болките во увото му се влошија, па се загрижив. Таму најдов речиси празна чекална со само пет лица“, вели таа.

Таа ги замолила луѓето да одат преку линијата кај медицинската сестра за да добијат информации. Но, кога и кажала на сестрата што се случило и од каде доаѓа, дека нема ни здравствено осигурување, туку само српски пасош, следел шок!

„Сестрата љубезно ми рече да не се грижам и дека веднаш ќе оди кај лекарот. Таа брзо се врати и ми рече да влезам со детето преку редот, дека нема да има проблем. Лекарот го прегледа син ми, но не само колку побрзо да заврши. Тој се посвети на потрагата по адекватен антибиотик. Го бараше најдобриот за малите деца, бидејќи на крајот на краиштата, ова е општа пракса, а тука има претежно возрасни. На крајот, ми даде капки антибиотик со точни упатства како да му ги давам на син ми“, воодушевено раскажува оваа белграѓанка.

Таа додава дека не платила ништо, а од неа не биле побарани никакви документи.

„Тоа беше вистински пример за човечка хуманост и подготвеност да се помогне на странец кој има потреба. Благодарна сум што се уште има такви луѓе, верувам дека ќе ги има се повеќе“, заклучува Марија.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии